Саем на суети
(Пренасочено од Панаѓур на суетата)
„Саем на суети“ (англиски: Vanity Fair) — американски филм од 2004 година, во режија на Мира Наир. Главните улоги ги толкуваат: Риси Витерспун и Боб Хоскинс.
Содржина
уредиБеки Шарп е преубава, страсна и забавна ќерка на сиромашен англиски уметник и на француска хорска пејачка. Таа рано останала сираче и затоа, уште како дете копнеела за подобар живот од оној што ѝ го доделила судбината. Откако ја напушта Академијата на госпоѓицата Пинкертон во Чизик, Беки одлучува по секоја цена да го освои високиот слој на англиското општество.[1] [2] [3]