Памана
остров во јужна Индонезија
Памана или Дана (Dana,[1] Dona, Ndana) — мал остров во јужна Индонезија, во рамките на архипелагот Мали Сундски Острови. Лежи точно на напоредникот 11° ЈГШ близу поголемиот остров Роти. Административно му припаѓа на намесништвото Роти Ндао во покраината Источни Мали Сундски Острови и на југ се граничи со австралиската островска територија Ашмор и Картие. Памана е познато како најјужната точка во Азија.
Pulau Dana | |
---|---|
Памана на карта на островот Роти | |
Географија | |
Координати | 11°00′36″S 122°52′37″E / 11.01000° ЈГШ; 122.87694° ИГД |
Архипелаг | Роти |
Држава | |
Фауна
уредиОстровот го населуваат елени, разни видови птици и секоја година е посетен од желки кои доаѓаат да полагаат јајца.[2]
Предание
уредиСпоред некои преданија, островот бил населен во XVII век, но населението пострадало во колеж од одмазда и телата фрлени во езеро. Оттогаш островот останал ненаселен.
Литература
уреди- Monk, K.A.; Fretes, Y.; Reksodiharjo-Lilley, G. (1996). The Ecology of Nusa Tenggara and Maluku. Hong Kong: Periplus Editions Ltd. стр. 7. ISBN 962-593-076-0.
Наводи
уреди- ↑ „SurfRote - About the island“. Архивирано од изворникот на 2014-02-22. Посетено на 2017-08-14.
- ↑ Grotting, Bjorn. „Roti Island“. Indonesia Photo. Архивирано од изворникот на 2012-07-06. Посетено на 18 ноември 2012.
Поврзано
уредиОваа статија место во Индонезија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |