Палмерстон е мал остров во Тихиот Океан, еден од најизолираните острови во светот. Тука двапати годишно доаѓа брод кој носи намирници, проаѓајќи едно од најтешки патувања по вода. Она што е уште поинтересно е дека сите 62 жители на овој остров се потомци на еден човек - Англичанец кој тука се населил пред 150 години. Девет дена постојано нишање, девет дена на брод на кој не можете ни да застанете. Тихиот Океан е голем, толку голем што не можете да си го замислите крајот, а патувањето до Палмерсон е патување до крајот на светот. Екстремното патување до оваа мала зелена оаза опкружена од сите страни со километри океан, е само за најодлучните.

Сателитска слика од Палмерстон(атол)

Историја

уреди

На островот живеат само три семејства, потомци на првиот жител Вилијам Мастерс, кој бил првиот постојан жител на Палмерсон, назначен за домаќин на островот од неговиот тогашен сопственик Џон Брандер, британски трговец. Трговецот тука засадил кокосови дрвја и доаѓал секои шест месеци за да го земе кокосовото масло кое тука се произведувало. Но, подоцна неговите посети станале сè поретки, сè додека тој не починал. Мастерс тогаш го добил островот како свој имот од кралицата Викторија. Тој имал една жена, а подоцна се оженил и со двете братучетки на својата жена и од трите брака имал 23 деца. Пред својата смрт, тој го поделил островот на три дела, така што секоја од жените добила свој дел. Денес, сите освен тројца од жителите се негови потомци.

Политичко уредување

уреди

Градоначалник на островот е Боб Мастерс, чија куќа се наоѓа на крајот од единствената песочна улица. Денес ова е остров на песок и кокосови дрвја. Сепак, бидејќи официјално е под знамето на Нов Зеланд, не е лишен од модерните изуми. Островјаните имаат струја (неколку часа на ден), Интернет (неколку часа на ден) а неколку од нив имаат и мобилни телефони. Сепак, жителите на Палмерсон немаат продавници. Тука има само два тоалета, а за пиење се собира вода дождовница. Парите ги користат за да купуваат работи од надворешниот свет, а не едни од други. Тука жителите се почитуваат, си помагаат и делат се едни со други. Жителите на Палмерсон се горди рибари, иако велат дека некогаш уловот бил многу поголем.

Недостатоци

уреди

Животот тука звучи идиличен, но сепак не е се така розово. Бродот кој ги снабдува со храна не доаѓа секогаш редовно. Пред неколку години жителите го чекале следниот брод цели 18 месеци. Друг проблем се лекарските прегледи. Последен пат кога најстарата жителка на островот требало да оди на стоматолог, патувала 4 дена за да дојде до Раротонга, главниот град на островите Кук, а потоа чекала шест месеци за бродот да ја врати на островот. Голем проблем е и тоа што на островот сите се роднини, освен двајцата учители и едната медицинска сестра. Децата кои денес слободно трчаат низ островот и се образуваат во единственото училиште се надеваат дека ќе го напуштат островот и ќе имаат живот со повеќе можности. Изолацијата е главната причина поради која се напушта островот. Тој помеѓу 1950 и 1970 година броел 300 жители, наспроти 62 кои ги има денес. Децата велат, дека тука никогаш не им е здодевно, но сепак активностите кои ги имаат се ограничени. Тие сакаат живот исполнет со повеќе можности за кариера и сакаат да посетуваат високо образование на копно. Што ќе се случува со судбината на овој остров останува да видиме, но голема е веројатноста дека ќе остане запишан во списите и ненаселен откако неговите сегашни жители ќе починат или ќе се иселат во потрага по современ живот.

Поврзано

уреди