Палацо Кјерикати
Палацо Кјерикати (италијански: Palazzo Chiericati) е ренесансна палата во Виченца (северна Италија), дело на архитектот Андреја Паладио. Од XIX век ова е седиште на Museo Civico (градскиот музеј) и, од неодамна, градската галерија. Како и другите паладијански градби во Виченца, оваа палата е заштитена од УНЕСКО како дел од Паладијанските вили на Венето.
Изградбата му била нарачана на Паладио од грофот Џироламо Кјерикати. Паладио започнал со работа во 1550. Работата ја завршил неговиот син Валерио, чие дело е довршувањето на собите за дневен престој.
Палатата е изградена на просторот наречен „piazza dell'Isola“ („Островски плоштад“, денешна Пјаца Матеоти), бидејќи во тоа време местото било островче обиколено со потоците Ретроне и Бакиљионе, каде се наоѓал пазар за дрво и добиток. За заштита на градбата од честите поплави, Паладио ја направил на подигнато место: во неа се влегувало преку тројно скалиште во класичен стил.
Главнатра фасада на палатата се состои од три дората, од кои централниот помалку се издава. Двата бочни дората имаат лоџии на пијано нобиле-ниво, додека централниот е затворен. Фасадата има два реда на столбови еден над друг, врз кои на врвот има мали статуи.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Great buildings online пристапено на 18.VIII.06 (англиски)
- Палацо Кјерикати - Винченца - (1550) Опис, фотографии и местоположба на карта (италијански)(англиски)
Галерија
уреди-
Детал од фасадата
-
Детал од таванот во Салата на зодијакот
-
План на палатата
-
Напречен нацрт на палатата
„Згради од Андреа Паладио“ на Ризницата ? |