Павле Аврамовски (Леуново, Гостиварско, 1918 - Леуново, Гостиварско, 1943) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија, учесник во НОВ на Македонија.[1]

Павле Аврамовски
Роден 1918 година
Леуново, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал април-мај, 1943 година
Леуново, Македонија под окупација на Кралство Албанија
Стрелан од страна на Балистите
Народност Македонец

Животопис уреди

Откако го завршил основното училиште заминал на печалба во Белград. Таму рано се запознал со напредното младинско и работничко движење, учествувајќи во разни активности и акции што ги организирала партијата. Откако се вратил во селото, тој несебично помагал за ширење на напредните револуционерни идеи.[1]

Втора светска војна уреди

 
Споменик на борците за слобода и жртвите на фашизмот од Леуново, меѓу кои е и името на Павле Аврамовски.

Веднаш по капитулацијата на стара Југославија, се вклучил во организираното движење. Станал член на првата партиска ќелија во селото, а неговата кука место каде што се држеле разни партиски и други состаноци, се чувале илегалци, оружје и други материјали. Тој неуморно работел најпрвин за ширење на народноослободителното движење, а потоа учествувал непосредно во подготовките за оруженото востание. Учествvвал во прибирање оружје, храна и друг материјал, учествувал во изучувањето на партиската литература, односно бил активен во се она што значело организирана акција на партиската организација во Мавровско. Меѓутоа, во разните одмазнички акции на окупаторот, а пред се на балистичките банди, не беше поштедено ниту неговото семејство, па ниту тој. При честите упаѓања на окупаторот, семејството на Павле секогаш било изложено на терор. Па така, по нападот врз Одредот во Ново Село, италијанските фашисти заедно со своите слуги - балистите, го опколиле селото и вршеле терор врз населението. Тогаш го фатиле и го претепале неговиот татко Cпирo. Павле го подржувал храброто држење на татко му Спиро, па така и него го фатиле и ѕверски го мачеле. Со своето држење уште повеќе ги предизвикувал фашистите, кои на крајот по сите мачења го убиле.[1]

Една улица во Гостивар, го носи неговото име.[2]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Синадиновски, Јаким; Груевски, Зоге (1976). Трите мавровски села. Скопје: Заедница на научните дејности. стр. 266.
  2. „Пролетно садење садници и уредување на паркот кај станбениот комплекс“. Гостивар. 2021-04-19. Посетено на 2023-01-02.