Павел Ковачев
Павел Ковачев — македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација.
Павел Ковачев | ||
Роден | 30 јуни 1872 Свиленград, Бугарија | |
---|---|---|
Починал | 15 мај 1959 Крџали, Бугарија |
Животопис
уредиПавле Ковачев е роден во 1872 година во Мустафа паша во Османлиското Царство, денес Свиленград во Бугарија. Во 1894 година завршува во Солунската машка гимназија. Две години изучувал педагогија во Јена. Се враќа во Османлиското Царство и работи како учител во Свиленград, Велес, Скопје, Сер и на други места. Влегува во ВМОРО и станува благајник на окружниот комитет, додека е учител во Одрин од 1902 до 1903 година. За време на Илинденското востание раководи со граничниот премин на ВМОРО во Бургас. Во февруари 1904 година е делегат на Варненскиот конгрес [1].
Извори
уреди- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 79.