Павел Војчеховски

Павел Војчеховски (6 јуни 1989, Бидгошч) — полски атлетичар, кој настапува во дисциплината скок со стап.

Павел Војчеховски
Лични податоци
Роден(а)6 јуни 1989(1989-06-06)(35 г.)
Бидгошч, Полска
Висина&100000000000001900000001,90 м
Тежина85 kg (187 lb)
Спорт
Земја Полска
СпортАтлетика
ДисциплиниСкок со стап

Првиот голем успех го постигнал со победата на јуниорското светско првенство во родниот Бидгошч во 2008 година, на кое прескокнал 5.40 метри.

Сезоната 2011, ја започнал со освоеното четврто место на европското првенство во сала во Париз. Истата година, Војчеховски го постигнал најголемиот успех во досегашната кариера, освојувајќи го златниот медал на светското првенство во Тегу со прескокнати 5.90 метри.

На Светското првенство 2015, тој го освоил бронзениот медал со прескокнати 5.80 метри.

Лични рекорди

уреди
Дисциплина Време Место Датум
Скок со стап (на отворено) 5,91 Шчеќин, Полска 15 август 2011
Скок со стап (во сала) 5,86 Гент, Белгија 13 февруари 2011

Надворешни врски

уреди