ПФА Тим на годината

Тим на годината според здружението на фудбалските професионалци (англиски: Professional Footballers' Association Team of the Year), попозната како ПФА Тим на годината е годишна фудбалска награда која се доделува во англискиот фудбал почнувајќи од сезоната 1973-1974. Наградата вклучува избор на најдобрите единаесет играчи во Премиер лигата за изминатата сезона, во обид да се создаде идеален состав од најдобрите играчи за сезоната.

Освен во Премиер лигата, оваа награда се доделува и во пониските англиски дивизии Чемпионшип, Лига 1 и Лига 2.

Сите тимови на годината досегаУреди

Подолу во списокот се прикажани изданијата од формирањето на Премиер лигата во сезоната 1992-1993.

Премиер лига 1992-1993Уреди

Поз. Играч Сезона
ГМ   Петер Шмајхел   Манчестер Јунајтед
ОД   Дејвид Бардсли   КПР
ОД   Пол МекГрат   Астон Вила
ОД   Гари Пелистер   Манчестер Јунајтед
ОД   Тони Дориго   Лидс Јунајтед
СР   Рој Кин   Нотингем Форест
СР   Гари Спид   Лидс Јунајтед
СР   Пол Инс   Манчестер Јунајтед
СР   Рајан Гигс   Манчестер Јунајтед
НП   Алан Ширер   Блекбурн Роверс
НП   Ијан Рајт   Арсенал

Премиер лига 1993-1994Уреди

Поз. Играч Сезона
ГМ   Тим Флауерс   Блекбурн Роверс
ОД   Гари Кели   Лидс Јунајтед
ОД   Гари Пелистер   Манчестер Јунајтед
ОД   Тони Адамс   Арсенал
ОД   Денис Ирвин   Манчестер Јунајтед
СР   Рајан Гигс   Манчестер Јунајтед
СР   Гари Мекалистер   Лидс Јунајтед
СР   Пол Инс   Манчестер Јунајтед
НП   Ерик Кантона   Манчестер Јунајтед
НП   Алан Ширер   Блекбурн Роверс
НП   Питер Бирдсли   Њукасл Јунајтед