ПУ „Хасан Тахсини“ - Седларево
основно училиште во Македонија
Основно училиште „Хасан Тахсини“ (во минатото: Основно училиште „29 Ноември“; официјално: Подрачно основно општинско училиште „Хасан Тахсини“ - Седларево; скратено: ООУ „Хасан Тахсини“) — подрачно основно училиште во тетовското село Седларево, Општина Желино, составен дел на истоименото училиште од селото Рогле.[1]
Хасан Тахсини
| |
---|---|
во состав на ОУ „Хасан Тахсини“
| |
Место | |
Општина: | Општина Желино |
Наречено по: | Хасан Тахсини |
Нас. место: | Седларево |
Адреса: | с. Седларево |
Местоположба | |
Основни информации | |
Основано: | 1980 |
Број на ученици: | 52 |
Настава на: | албански |
Контактни информации |
Училиштето е именувано по истакнатиот албански астроном, математичар и филозоф, Хасан Тахсини.
Историја
уредиДо учебната година 1993/94 година училиштето го носело името „29 Ноември“.[2] Оттогаш го носи името Хасан Тахсини, албански астроном, математичар и филозоф.
Во 2015 година, училиштето добило плакари за пет училници со средства обезбедени од германската амбасада во Скопје.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-07.
- ↑ „Дванаесет училишта добиле имиња на личности од албанската историја и култура“. Утрински весник. Посетено на 8 јануари 2010.[мртва врска]
- ↑ „Германска амбасада Скопје - Поддршка за ОУ „Хасан Ташини„ во Седларево“. Германска амбасада. Скопје: Германска амбасада. 21 септември 2015. Архивирано од изворникот на 2018-01-09. Посетено на 24 март 2016.