ПОУ „Маца Овчарова“ - Велес

основно училиште во Македонија


Основно училиште „Маца Овчарова“ (официјално: Посебно основно училиште „Маца Овчарова“ - Велес; скратено: ПОУ „Маца Овчарова“) — централно основно училиште за деца со посебни образовни потреби во градот Велес, Општина Велес.[1]

Маца Овчарова
Место
Општина: Општина Велес
Наречено по: Маца Овчарова
Нас. место: Велес
Адреса: ул. „Кресненско Востание“, бр. 4
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано: 1973; пред 51 година (1973)
Директор: Мирјана Дамјановиќ
Настава на: македонски
Контактни информации
Мреж. место poumacaovcarovaveles.edu.mk

Училиштето е именувано по македонската учесничка во НОБ Маца Овчарова.

Историја

уреди

Училиштето било основано во 1973 година, со акт бр. 01-4661 од 10.01.1973 година, а верифицирано со акт на Владата на Македонија, бр. 10-550/3 од 17.05.1995 година. Работата ја започнало истата година со вкупно 131 ученик со лесна ментална ретардација и 11 наставници. Од учебната 1991/92 година, започнало да опаѓа бројот на ученици поради почетоците на процесот на инклузија на учениците со посебни образовни потреби во редовниот воспитно-образовен систем. Бројот на ученици во учебната 2020/21 година изнесувал 47.

Училиштето нуди образовен и рехабилитационен третман на деца со интелектуална попреченост, аутизам и комбинирани пречки во развојот, како и ресурсна логопедска дејност за корективен третман на ученици логопати кои имаат потешкотии во говорот и говорното изразување. Во согласност со измените во законската регулатива, дел од специјалните едукатори и рехабилитатори од училиштето извршуваат и волонтерска дејност за поддршка на инклузираните ученици со попреченост од редовните основни училишта во општините Велес, Градско и Чашка, советодавни активности за родители, стручна помош и поддршка на наставниците и стручните соработници од општинските основни училишта, кои немаат вработено дефектолог, со примена на современа дефектолошка теорија и пракса.

Како традиционално културно обележје на училиштето, по повод 3 Декември (Светскиот ден на лицата со инвалидност) е ликовната керамичка работилница.

Досегашни директори
  • Мира Величкова (1973 -1996);
  • Татјана Попова (1996 – 1997; 2015-2016);
  • Лена Гаданец (1997-2000; 2004-2007; 2017-2020);
  • Лазар Дуков (2000-2004);
  • Татјана Љапова (2007-2015);
  • Снежа Стојановска(2016-2017); и
  • Мирјана Дамњановиќ (2020-денес)

Организација на наставата

уреди

Функционира во заедничка зграда со основното училиште „Панко Брашнаров“.

Површината на објектот изнесува 835 м2. Наставата се изведува на македонски јазик во 14 паралелки и во 4 воспитни групи во ученички дом со вкупно 47 ученици и 18 наставници-дефектолози.

Ученички дом

уреди

Во состав на училиштето работи ученички дом формиран во учебната 1992/1993 година во кој се сместени екстерните ученици од Повардарскиот регион, со постојан престој од понеделник до петок и логопедски кабинет за деца со проблеми во говорот, во кој се опфатени ученици логопеди од училиштето и од редовните основни училишта во градот.

Сетилна просторија

уреди

Во 2018 година била пуштена сетилна просторија за учениците со аутизам. Собата е комплетно опремена и една од најсовремените вакви во градот и земјава и со реквизитите кои за овие деца претставуваат релаксација и движење во нивниот свет.

Наводи

уреди
  1. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-03.

Надворешни врски

уреди