Ојцовски национален парк
Ојцовски национален парк (полски: Ojcowski Park Narodowy) — национален парк во Краковската област од Малополското војводство во јужна Полска, основан во 1956 година. Именуван е според селото Ојцов, каде што е сместено неговото седиште и управа. Фредерик Шопен го посетил Ојцов во 1829 година.
Ојцовски ационален парк | |
---|---|
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
Место | Полска |
Најблизок град | Ојцов, Малополско Војводство |
Воспоставен(а) | 1956 |
Тој е најмалиот национален парк во Полска, со првобитна површина од 14,4 км2, со проширување на 21,46 км2. Од оваа површина, на шуми отпаѓаат 15,28 км2, а површина од 2,51 км2 претстасвува строго заштитено подрачје. Паркот е сместен околу 16 км северно од Краков, во јурската Краковско-ченстоховска Висорамнина. Карстната (варовничка) топографија со растворлив состав на карпите го карактеризира земјиштето на паркот, кој покрај двете реки Пршник и Саспувка, содржи и бројни варовнички карпи, клисури и над 400 пештери.
Надворешни врски
уреди„Ојцовски национален парк“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место (полски)
- Туристички информации за паркот (полски)
Оваа статија поврзана со Полска е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |