Список на острови на Нов Зеланд

список на статии на Викимедија
(Пренасочено од Острови во Нов Зеланд)

Нов Зеланд се состои од поголем број острови. Двата главни острова, кои се многу поголеми од останатите и каде живее најголемиот број на населението се Северниот и Јужниот Остров. Од овие, Јужниот е поголем по површина, но северниот има побројно население. Стјуартовиот Остров (Ракиура) е во голема мера најголемиот од останатите острови, додека островот Ваихеке близу Окленд има највеќе жители од сите помали острови.

Вакари / Бел Остров

Еве список на дванаесетте најголеми острови на Нов Зеланд подредени по големина:

Ранг Англиски назив Маорски назив км2 % од НЗ Население
1 Јужен Остров Те Ваи Поунаму 151215 56.2% 1,008,400
2 Северен Остров Те Ика-а-Мауи 113729 42.3% 3,148,400
3 Стјуартов Остров Ракиура 1746 0.6% 400
4 Четемски Остров Рекоху 900 0.3% 600
5 Окленд Моту Маха 510 0.2% 0
6 Голем Препречен Остров Аотеја 285 0.1% 850
7 Резолушн Таумоана 208 0.1% 0
8 Дирвилов Остров Рангитото Ки Те Тонга 150 <0.1%
9 Кемпбелов Остров 115 <0.1% 0
10 Адамсов Остров 100 <0.1% 0
11 Ваихеке 92 <0.1% 7,700
12 Секретарски Остров 81 <0.1% 0

Поврзано

уреди