Оддалечени острови на Нов Зеланд

Оддалечените новозеландски острови (англ. New Zealand outlying islands) се состојат од девет островски групи, сместени во суптропиците и подантарктикот, кои се составен дел на Нов Зеланд но се наоѓаат вон новозеландскиот континентален праг. Иако се сметаат за составен дел од Нов Зеланд, седум од деветте групи не припаѓаат на ниеден регион или округ, туку се сметаат за „Подрачје вон територијална управа“. Двата исклучока се Четемските Острови, коисамите се специјална територијална единица (островски совет), и Соландеровите Острови, кои му припаѓаат на регионот Саутленд и округот Саутленд.

Поимот понекаде се користи и во контекст на Балените, група подантарктички острови кои технички се сметаат за дел од Росовата Зависност и се водат според Антарктичкиот договор.

Петте островски групи на Новозеландските Подантарктички Острови, заедно со нивните територијални води се прогласени за Светско наследство на УНЕСКО.

Островски групи

уреди
 
Физичка карта на Антиподските Острови

Островските групи од север кон југ:

 
Карта на целото Кралство Нов Зеланд.
Островска група (друго име) Површина
(км²)
Највисок врв (м) Местоположба на
главниот остров
северно од Северниот Остров
Кермадек 33,08 врв Моумоукаи (516) 29°16′S 177°55′W / 29.267° ЈГШ; 177.917° ЗГД / -29.267; -177.917 (Kermadec Islands)
Трикралеви Острови (Ngamotukaraka, Manawa Tawhi) 4,86 (Велик Остров) (294) 34°09′S 172°08′E / 34.150° ЈГШ; 172.133° ИГД / -34.150; 172.133 (Three Kings Islands)
источно/јужно Јужниот Остров
Четемски Острови (Wharekauri, Rekohu) 966 рид Маунгатере (294) 43°54′S 176°32′W / 43.900° ЈГШ; 176.533° ЗГД / -43.900; -176.533 (Chatham Islands)
Соландерови Острови (Hautere) 0,70 (Соландеров Остров) (330) 46°34′S 166°53′E / 46.567° ЈГШ; 166.883° ИГД / -46.567; 166.883 (Solander Islands)
Новозеландски Подантарктички Острови
Баунти 1,35 (остров Фанел) (88) 47°46′S 179°02′E / 47.767° ЈГШ; 179.033° ИГД / -47.767; 179.033 (Bounty Islands)
Снерс (Tini Heke) 3,41 (Североисточен Остров) (152) 48°01′S 166°32′E / 48.017° ЈГШ; 166.533° ИГД / -48.017; 166.533 (The Snares)
Антиподски Острови 20,97 Галовеј (366) 49°41′S 178°48′E / 49.683° ЈГШ; 178.800° ИГД / -49.683; 178.800
Оклендови Острови (Motu Maha) 625,60 Дик (705) 50°42′S 166°05′E / 50.700° ЈГШ; 166.083° ИГД / -50.700; 166.083 (Auckland Islands)
Кемпбелови Острови (Motu Ihupuku) 113,31 Хани (569) 52°32′S 169°09′E / 52.533° ЈГШ; 169.150° ИГД / -52.533; 169.150 (Campbell Islands)
Оддалечени острови 1800 Дик (705)  

Населеност

уреди

Сите острови се ненаселени освен Четемските Острови.

На островот Рауловиот Остров од групата Кермадек постои метеоролошка станица со персонал. Метеоролошката станица на Кемпбеловиот Остров нема персонал бидејќи е автоматизирана уште од 1995. На Оклендовите Острови постоела метеоролошка станица од 1942 до 1945 г. Трикралевите Острови и Оклендовите Острови порано биле населени. Постоеле неуспешни обиди за населување на Рауловиот Остров, Антиподските Острови и Оклендовите Острови. Соландеровите Острови никогаш не биле населени, освен некои исфрлени патници на диво (најдолго од 1808 до 1813 од пет патници на диво од Европа).

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди