Четемскиот Остров (англиски: Chatham Island, мориорски: Rekohu, маорски: Wharekauri) е во голема мера најголемиот остров од групата Четемски Острови, во јужниот Тихи Океан, на исток од Нов Зеланд. Тој му припаѓа на Нов Зеланд, и покрај големата раздалеченост. Иако не е географски прецизно да се каже дека тој лежи точно помеѓу екваторот и полот, овој исказ често се користи како достатно приближен за маркетиншки цели. четемскиот остров го добил името по истражниот брод „Четем“ кој бил првиот европски брод кој го открил овој остров во 1791 г. Островот зафаќа површина од 900 [[км2]].

Четемски Остров
Chatham Island
Rekohu
Wharekauri
Четемскиот Остров од вселената
Географија
Координати43°53′54″S 176°31′44″W / 43.89833° ЈГШ; 176.52889° ЗГД / -43.89833; -176.52889
АрхипелагЧетемски Острови
Површина899 км2
Држава
Демографија
Население~300

Островот има и два други назива, еден маорски: Wharekauri, а друг мориорски: Rekohu („магловити неба“).

Географски, островот има облик на буквата Т и на него доминираат три географски елементи: два залива и една лагуна.

Знаме на Четемските Острови

Петровиот Залив (Petre Bay) зазема повеќе од половина од западниот брег на Четемскиот Остров. Главното населено место на островот е Ваитанги, кое лежи во мала вдлабнатина во јужниот дел на Петровиот Залив.

На источното крајбрежје се наоѓа дури поголемиот Хенсонов Залив, кој се протега по целата 35-километарска должина на островот.

Ширината од 10 км на островот помеѓу двата залива е сосема илузорна. Најголемиот дел од таа земја го зафаќа лагуната Те Фанга, која се исцедува во морето кај јужната половина на Хенсоновиот Залив. Оваа лагуна покрива површина од 180 км2, и исцедува неколку помали реки кои се влеваат во неа од ридовите на јужниот крај на островот.

Поврзано

уреди

43°53′54″S 176°31′44″W / 43.89833° ЈГШ; 176.52889° ЗГД / -43.89833; -176.52889