Адамсов Остров (Нов Зеланд)

Адамсовиот Остров (англ. Adams Island) е остров од архипелагот Оклендски Острови. Јужниот крај на Окленд е проширен до 26 км каде се протега тесен канал, наречен Кернлиево Пристаниште или Адамсови Протоци, го двои од триаголниот Адамсов Остров (површ. 100 км2), кој е уште попланински, достигнувајќи височина од 705 m со планината Дик[1]. Каналот е всушност остаток од некогашен кратер на изгаснат вулкан, со тоа што Адамсовиот Остров и јужниот дел на островот Окленд го сочинуваат работ на кратерот.

Адамсов Остров - десно од Кернлиевото Пристаниште

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Мрежно место „70south“ Архивирано на 27 август 2008 г. (англиски)

50°52′59.99″S 166°04′59.99″E / 50.8833306° ЈГШ; 166.0833306° ИГД / -50.8833306; 166.0833306