Основа за шминка
Основа за шминка е козметика во боја за кожа која се нанесува на лицето за да создаде рамномерна и еднаква боја на тенот, за да покрие недостатоци и понекогаш да го промени природниот тен на кожата.Општо,основа за шминка нанесена на тело се однесува на „боење на лице“.
Историја
уредиУпотребата на козметика за зајакнување на тенот е позната уште од антиката.„Боење на лицето“ е споменато во Стариот завет (Езекиел 23:40).Старите египјани користеле основа за шминка.Во 200 година п.н.е. древните гркинки нанесувале бело олово во прав и креда за да ја избелат нивната кожа.Се сметало за модерно грчките жени да имаат бел тен.Римјанките исто така претпочитале блед тен.И мажите ставале шминка за да го осветлат тенот на кожата.Тие користеле бело олово во прав, креда, и креми за да го осветлат тенот на кожата.Богатите Римјани претпочитале паста од бело олово која може да доведе до малформации на лицето и смрт.Кремата се состоела од животинско сало, скроб и калај оксид.Салото се правело од животински мрши при што ги загревале мршите за да отстранат каква било боја.Калај оксидот се правел со загревање на металот калај во воздух.Животинското сало овезбедува мазна текстура а калај оксидот дава боја на кремата.
Во Средниот век во Европа се сметало за модерно жените да имаат блед тен.Грчко-Римските жени од погорните слоеви во изобилие ја покажувале бледоста.Да се има бледо лице значело да се припаѓа на побогата класа.Жена со потемен тен се сметала за жена од ниска класа.Жените носеле боја од олово или пудра растворливи во вода.Во 6-от век жените често искрварувале за да добијат блед тен.Една од најпопуларните пудри се вика Aqua Tofana (Аква Тофана), пудра за лице од арсен.Пакувањето содржело порака која ги информирала жените да ја посетат креаторката г-ѓа Тофана.Инструкциите за употреба можеле да ги добијат од неа.Таа им кажувала да нанесат пудра на нивните образи.Без да знаат дека пудрата е отровна, жените ја нанесувале пудрата на нивните образи и умирале.За време на Италијанската ренесанса многу жени носеле боја од олово растворлива во вода на нивните лица.Низ 17-от век и ерата на Елизабет, жените носеле ceruse (церуза), смртоносна мешавина од оцет и бело олово.Нанесувале и белки од јајца на нивните лица за да направат сјаен тен.Многу мажи и жени умреле носејќи шминка заснована на олово.
Во 18-от век Луис XV направил да биде модерно за мажите да носат шминка заснована на олово.Театарските глумци носеле тешка бела основа.
Во доцниот 18-ти и раниот 19 век жените од Викторијанското доба носеле многу малку или воопшто не носеле шминка.Кралицата Викторија ја забранила шминката и сметала дека е соодветно само за проститутките и слободните жени да се шминкаат.Прифатливо било само глумците и глумиците да бидат нашминкани.Во доцниот 19 век, жените нанесувале избелувачка мешавина од цинк оксид, жива, олово, нитрати на сребро и киселини.Некои жени го избегувале сонцето, јаделе креда и пиеле јод само за да останат бели.
Во ерата на Едвард, жените носеле основа за лице и не ја избелувале нивната кожа толку многу како жените во претходните векови.
Модерната основа за лице ги повлекува своите корени од Карл Баудин од Leipzeiger Stalt театарот во Германија.Тој е пронаоѓачот на маслената боја.Сакал да ја прикрие спојката меѓу неговата перика и челото па развил паста направена од цинк, охра и свинска маст со боја на кожата.Оваа формулација била толку популарна што Баудин почнал да ја произведува на големо и така се родила првата театарска шминка.
Ова било стандардно за театарската шминка сè до 1914 година кога Макс Фактор ја создал Flexilbe Greasepaint (Флексибилна маслена боја) која повеќе се рефлектирала под светлата на филмските сетови.Иако од Баудиновиот изум шминката драматично ќе еволуира, сè до денес театарската шминка не отстапува многу од оригиналната мешавина на масти и боја.
Pan-Cake (Пен-Кејк)
уредиПрвата достапна основа за лице била Pan-Cake (Пен-Кејк) на Макс Фактор.Најпрвин била направена да се употребува во филм, глумиците биле толку запрепастени од резлутатите што Макс Фактор бил обземен од нивната побарувачка на производот за лична употреба.Пробивот во неговата формула била првата „основа и пудра во едно“, традиционално глумецот бил нашминкан со шминка заснована на масло/масло за омекнување на кожа која подоцна била покриена со пудра за да го намали одразот и да осигура дека нема да избледи или размачка. Подобро отколку масло или восок, Pan-Cake (Пен-Кејк) користела талк како основа која се нанесувала директно на кожата со навлажнето сунгерче, обазбедувала доволно покриеност (можела да биде нанесена во слоеви без тие да се стврднат на кожата) за да ја елиминира потребата од основа под неа.Ова се сметало значајно од полесна категорија и со поприроден изглед на кожата отколку стандардниот метод, оттука и големата желба на луѓето да ја покажуваат во јавност.Иако основата за лице како шминка била широко достапна и користена во филмската индустрија употребата на козметика сè уште била некако срамна и никој не се обидувал да купува основа за лице (иако карминот, руменилото и лакот за нокти биле популарни за дневна употреба) како секојдневен производ.Фактор го патентирал производот во 1937 година, и покрај немирите во ерата Pan-Cake (Пен-Кејк) станала најуспешната козметичка компанија на сите времиња.До 1940 година, се проценувало дека една од три Северно американски жени ја имала и се шминкала со Pan-Cake (Пен-Кејк).Во февруари 2009 година сопственикот на Procter and Gamble (Проктер и Гембл) потврдил дека оригиналната формула која Фактор ја развил и ја користел самиот е сè уште непобедлива.
Современи формулации
уредиБоја
уредиБојата може да се препознае по име, број, буква или било која комбинација од овие три.Меѓутоа, за разлика од системите на Пантон или Мунсел кои се користат во уметничките и модните индустрии имињата на комерцијалните козметички производи не се стандардизирани.Ако шминкер побара ‘’ Medium Beige’’ течна пудра, резлутатот може драстично да варира од бренд до бренд и понекогаш преку различни формули во еден бренд.Козметичките компании исто така можат да ги менуваат и прилагодуваат нивните формулации и нијанси во било кое време така да без предупредување Medium Beige (Медиум беж) течната пудра која потрошувачот ја користел со години може да биде направена потемна, посветла и повеќе или помалку жолта отколку што била претходно.
Класификација на бои
уредиМногу компании ги класифицираат нивните нијанси како Warm (топла), Neutral (неутрална), или Cold (ладна).Различните тркала на бои кои се користат меѓу уметноста и убавината се додатни на конфузијата.Традиционалната уметничка палета ја поставува линијата поделувајќи ги Ладната и Топлата преку примарна сина, додека козметичката палета ја поставува линијата преку Primary Red (примарно црвена).Па затоа на уметничкото тркало на боја Жолтата е секогаш Ладна, Црвената е секогаш Топла а Сината може да биде Неутрална(Примарна), Топла(Виолетова) или Ладна(Зелена).Спротивно на тоа козметичката палета ја класифицира Жолтата секогаш како Топла, Сината е секогаш Ладна а Црвената е или Неутрална(Примарна), Топла(Портокалова) или Ладна(Сино Црвена).Козметичката палета никогаш не се користи на друго место освен во шминката и е многу честа во индустријата, иако голем број на професионални линии како што се Вилијам Татл, Бен Ни, Васидора, М.Е.К и дури и Макс Фактор ја користат традиционалната уметничка палета на бои.Па,Warm Beige течната пудра може да има или жолта или розова нијанса во зависност од тоа која палета ја користи креативниот директор.Треба да се забележи дека уметничката палета е дизајнирана да се користи на сликарско платно (кое е бело) спротивно од шминкерската палета која се користи на живо тело (од боја на слонова коска па до кафени тонови).
Избор
уредиИако повеќето уметници се препираат околу значењето на изборот на точната нијанса на тенот на носителот, намерното користење на несоодветниот тон може да го постигне саканиот ефект.Прекумерниот црвен тен може да се минимизира со користење на чиста што (значи ниту жолта ниту розова) бежово тонирана нијанса на основа за лице.Бледиот или безживотен тен може да биде оживеан со розова до црвена нијанса,зрелата кожа која ја изгубила својата боја и изгледа бледа и безживотна може да биде оживеана со чисто розова нијанса и маслинестата и пепеласта кожа може да биде оживеана со нијанса на праска.Клучен момент во одбирањето на нијанса на основа за лице е да се препознае дека нијансата во пакувањто може да не е во доволна мера за влијанието на бојата која ќе ја има на кожата, основата за лице може да биде премногу или премалку жолта во шишенцето а воопшто да не излезе жолта.
Покриеност
уредиПокриеноста се однесува на непроѕирноста на шминката односно колку таа ќе ја прикрие кожата.
- Sheer (чиста) е најтранспарентната и содржи најмала количина на пигмент.Не покрива избледувања на кожата меѓутоа може да го минимизира контрастот помеѓу избледената кожа и остатокот од тенот на кожата.Иако пигментската технологија драматично еволуираше од 2004 година традиционалниот протокол за чиста основа за лице се заснова на пигментот за да сочини од 8 до 13 % од крајната формула.
- Light (светла), може да покрие нерамномерности но не е доволна за да покрие пеги.Содржи од 13 до 18 % пигмент.
- Medium (средна), кога е комплетна со пудра во боја (наместо проѕирна) може да покрие пеги, избледоци, дамки и црвени траги од акни.Содржи од 18 до 23 % пигмент.
- Full (целосна), покриеноста е многу непроѕирна и се користи да покрие белези од раѓање, витилиго, хиперпигментација и лузни.Понекогаш се нарекува и „корективна“ или „масka“ шминка.Општо содржи до 35 % пигмент иако професионалните брендови кои се дизајнирани за сценска употреба можат да содржат и до 50 % пигмент.
Формулации
уредиФормулацијата се однесува на состојките кои се измешани заедно и како шминката е формулирана.
- Заснована на масло и масла за омекнување на кожата е најстариот тип на шминка.Маслото (обично минерално масло) или маслата за омекнување на кожата(како што е вазелин, пчелин восок или ланолин) се користат како главна состојка на која и се додава пигмент.Нанесувањето на текстурата е екстремно лепливо и густо, најчесто е слично на модерните балзами за усни или кармини.Екстремната природа на маслата за омекнување на кожата останува навлажнувачка и не се размачкува, умерено е водоотпорна и обезбедува најнепорѕирна покриеност но за време н носењто може да се размачка, избледи и да промени боја (да потемни или да оксидира).Од 1970-те исто така се користи и вештачкиот восок кој е помалку мрсен и е поверодостоен од другите масла за омекнување на кожата.Кога се користи професионално понекогаш дејствува како маслена боја.Пример: Pan-Stik (следбеникот на Max Factor на неговата Pan-Cake (Пен-Кејк) шминка), Sponge-on Cream (Спонџ-он крем) на Елизабет Арден, Mehron (Мехрон), Dermablend (Дермабленд).
- Мешавините засновани на масло се различни од традиционалните шминки засновани на масла и масла за омекнување на кожата на начин каде што тие биле течните пудри развиени пред емугаторите и сврзувачкиот агент бил достапен одделен во шише како формулите засновани на алкохол споменати подолу.Кога еднаш ќе се измеша, ова е во сродство со нанесувањето на масло во боја на кожата, со мазна текстура што овозможува средна покриеност со навлажнувачки финиш.Тоа е забележливо подобрување во употребата, стабилноста и крајниот резлутат во традицијата со маслени основи но подобрувањата оттогаш направија овие да изчезнат.Примери:Грофицата Александра де Маркоф Исерлин, Блескавиот Френсис Дени.
- Засновани на алкохол содржат мешавина од вода и денатуриран алкохол како основа до додаден пигмент.Развиени од Ерно Лазло за проблематична кожа ги елиминираат маслата за омекнување на кожата и сврзувачкиот агент кој може да ги затвори порите и треба да се протресат пред употреба.Основите за лице бзирани на алкохол се од лесна категорија, чувството на „ништо на моето лице“, и скоро е невозможно да ги затворат порите но даваат само минимална покриеност и можат да бидат деликатни за нанесување и мешање.Подобро дејствуваат со памучни топчиња или перничиња отколку со латекс или морски сунѓери.Примери: Normalizer Shake-it (Нормалајзер шејк-ит) на Ерно Лазло, Pore Minimiser на Clinique (Клиник).
- Заснованите на пудра започнаа со Pan Cake(Пен-Кејк) на Макс Фактор кои имаат пудра, обично талк, како главна состојка.Додаден е и пигмент заедно со емулгатори, агенти за прилепување на кожата и сврзувачки елементи во формулата пред да биде процедена.Разликата меѓу овој вид на основа за лице и процедената основа за лице е тоа што обезбедува повеќе покриеност (поради повеќе пигмент) и содржи повеќе агенти за прилепување на кожата (за да помогнат повеќе да се залепи за кожата,затоа што пресираната пудра е од полесен карактер бара помалку агенти).Некои формули како што е Pan Cake исто така содржат восок и можат да бидат нанесени само со мокро сунѓерче, други како што е StudioFix )Студио фикс)на M.A.C не содржат емулгатор и можат да се користат само суви, последната група како што е Lancome Dual Finish(Ланком дуал финиш)содржат мала количина на масло и можат да се користат на двата начина.Ова обезбедува „краен“ изглед и може да се помешува од проѕирна па сè до целосна покриеност, но може да изгледа премногу брашнеста и сува особено околу очите или на посува/зрела кожа.Исто така може да лупи и цеди кога се нанесува и меша.
- Минерална шминка најчесто се однесува на основа за лице во ровок пудрен формат.Најчестите минерали кои се користат како основа се лискун, бизмут оксихлорин, титан диоксид или цинк оксид.Меѓутоа и талкот е минерал па како пудра заснована на талк може да се смета како„ минерална шминка“ и ако најчесто во продажбата на минералната шминка се истакнува дека не содржи талк.„Минералната шминка“ може целата да биде минерална, делумно минерална или пак да содржи помалку од 1 % минерали во крајната формула.Според оваа логика практично целата шминка може да се смета за минерална.Според Американската администрација за храна и лекови се бара на секој производ да стојат состојките по надолен ред на моќност.Според испитувањето на списокот на состојки и препознавањето на заедничките минерали потрошувачот може да види дали минералите во тој производ ги има во мал или голем процент.Терминот „органски“ не се однесува на минерали иако тие како состојка се ископани руди од земјата.Понекогаш компаниите можат да комбинираат минерали со органски состојки во нивниот краен производ.Термините „природни“ и „хипоалергични“ не се регулираат од страна на ААХЛ и можат да се користат кај дискретните производители.
- Шминката заснована на вода се појавува по Втората светска војна со емулгатори кои успешно ја одржуваат емулзијата од вода и масло стабилна како клуч на нивниот развој.Оваа кремава течност обезбедува средна покриеност со многу повеќе природно чувство и изглед отколку маслото, со тек на времето заснована на пудра или омекнувач за лице и оттогаш станала популарна кај жените.Примерите ги вклучуваат и : Cover Girl(Ковер Грл)на Clean Makeup (Клин мејкап),Counry Mist(Коунтри мист) на Estee Lauder (Естее Лаудер). Оттогаш варијациите на формулата значително ја прошириле и категоријата:
- Кремава шминка заснована на вода има богата, кремава текстура која може да има од проѕирна до целосна покриеност со хидратација и сатенски финиш.Најчесто доаѓа во тегличка или тубичка, многу е поудобна и е со многу пореалистичен изглед на кожата отколку претходниците засновани на масло или омекнувач на лице. Примери: Hydro-Light(Хидро лајт)на Елизабет Арден,Issima(Исима) на Guerlain (Гулеријан).Од Jove(Џове) козметиката, основата за лице TRU2U(ТРУ2У).
- Заснованата на вода без масла ги елиминира сите масла но го заменува естерот за омекнување на лице или масниот алкохол во основата и го додава матирачкиот егент, најчесто глина, од сув до мазен, нерефлектирачки „мат“ финиш.Безмасните течности се прилично густи и тешки и во првичните верзии било потребно време за да се истурат од шишето.Тие обезбедуваат цврста средна покриеност но се сушат брзо и на тој начин може да се употребат пред да биде завршено мешањето.Резлутатот е тенко напластување кој е тежок да се размачка пред да се почне од нула.Вообичаената препорака е да се подели лицето на квартални делови и тогаш да се нанесе и измеша шминката на секој дел посебно ( отколку на целото лице).Мешањето врз хидратантна кожа со навлажнето сунгерче може исто така да помогне да се надомести недостигот од лизгањето.Сепак,тие ќе траат долго време и нема да се размачкуваат дури и на многу маслена кожа.Примери: Stay-True Oil-Free(Стеј тру оил фри) на Clinique(Клиник).
- Засновани на вода со отпорен пренос ја следат истата формулација како и безмасните но наместо глина користат заматувачки создавач или полимер за да достигнат мат финиш кој е отпорен на бришење.Шминката со отпорен пренос е пуштена во употреба со Ultima 2 во сопственост на Revlon(Ревлон) во 1993 година со Lipsexxxy(Липсекси), првата боја за усни која вклучува во себе заматувачки создавач кој спречува бришење.Во 1996 година WonderWear (Вондервеар)и Colorstay (Колорстеј) основите за лице на Revlon(Ревлон)се лансирани користејќи ја истата технологија како за кармините.Шминката со отпорен пренос ( понекогаш нарекувана преносливо-отпорна) ќе трае на многу масна кожа, кожа која тешко се поти или во влажна клима ќе трае подолго отколку било кој друг тип на основа за лице иако е многу потешка за нанесување од безмасната шминка.Тенката текстура веднаш се суши и бара поголема количина за експериментирање за доминирање.Во тој поглед најмодерните верзии на (како што е Colorstay SoftFlex(Колорстеј софтфлекс) на Revlon(Ревлон)) имаат направено значителни подобрувања од нивните претходници.
- Засновани на силикон, шминката користи силикон, или мешавина на вода и силикон,како главна состојка.Најтипичните силикони кои се користат се диметикон, полисилоксан и волатилните силикони како што се циклометикон и фенил триметикон.Силиконот обезбедува мачкање и лепливост (што некои уметници го нарекуваат „лизгање“ ) на еднакво ниво или најчесто подобро од маслото овозможувајќи му на производот да се нанесува и меша на кожата мазно и рамномерно.Силиконите имаат лесна тежина и затоа се поудобни на кожата и се отпорни на затворање на линии и големите пори на лицето.Конвенционалните силикони остануваат еластични и мазни дури и во сува клима додека волатилните силикони траат доволно долго за да се мешаат на лицето отколку да испарат (како алкохолот) оставајќи малку или воопшто никакво чувство зад себе.Шминките засновани на силикон се со помала веројатност да оксидираат или да а сменат бојата со тек на времето.Еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат базите на силикон е тенденцијата на производот да ја уништи или расипе кожата, нешто уникатно за силиконите со неконтролирана употреба на корисникот.Јонизирањето на силиконите (електрично позитивно полнење на силиконот) му помага да остане сврзан со (негативното полнење) кожата, иако оваа технологија е во својот зачеток и затоа е скапа.Примери: Dream Matte Mousse(Дрим мат мус) на Maybelline(Мејбелајн).