Ланолин
Ланолин е масна материја што се добива од овча волна, а се употребува за изработка на козметички производи и на лековити масти. Од 45 кг волна се добива 1-2 кг ланолин. Ланолинот е составен од восочни естри (97% од вкупната маса), а остатокот го сочинуваат ланолин алкохоли, ланолин киселини и ланолин јаглеводороди.