Оружје за блиска борба

Оружје за блиска борба е оружје кое не се користи за фрлање — т.е. корисникот и неговиот противник при борба се во контакт со него. Како такво во ова оружје не спаѓаат неподвижни оружја како изненадувачки мини и горечки направи, туку се носат од самите борци. Оружјето за блиска борба е вид на ладно оружје.

Оружјето за блиска борба се дели на две основни групи — остро оружје, како на пр. мечот, копјето, секирата и ножот, и тапо оружје, како палката и боздоганот.

Острите оружја работат на принцип на зголемен притисок врз што помала површина, со острица или зашилен врв, со цел на прободување на телето на противникот и негово ранување. Бидејќи острото оружје е превидено за контакт со кожа, тоа значително ја губи својата ефикасност кога е во контакт со оклоп.

Тапото оружје се служи со својата маса и ударната сила на корисникот за зададе повреди од типот на скршени коски, внатрешно крварење или потрес. Низ историјата биле измислени оружја како боздоганот и чукалото (млатот) за борба против тврдо оклопени борци како витезите, кои нанесуваат повреди преку тврд оклоп, но се ефективни и низ свитлив оклоп, како верижен оклоп. Меѓутоа тапите оружја се обично потешки од острите, бидејќи за нанесување на повеќе штета е потребна поголема тежина, особено преку оклоп. Поради ова тапите оружја се обично потешки за ракување.

Споредете: Дометно оружје.

Поврзано уреди