Општ каталог на маглини и јата
Општ каталог на маглини и јата (англ. General Catalogue of Nebulae and Clusters, GC) — астрономски каталог од англискиот научник Џон Хершел објавен во 1864 г. Заедно со други наоди, овој каталог е основа за подоцнежниот Нов општ каталог (1880-ти), составен од Ј.Л.Е. Дрејер. Општиот каталог содржи разни маглини, заведени во 5.079 записи, од кои половина се откритија на таткто Вилијам Хершел, а половина на синот Џон. Подоца излегло и посмртно дополнување на ова издание, наречено „Општ каталог на 10.300 повеќекратни и двојни ѕвезди“ (General Catalogue of 10,300 Multiple and Double Stars).
Поврзано
уреди- Каталог на маглини
- Нов општ каталог (NGC)
- Индекс-каталог (IC)
- Преработен нов општ каталог
- Преработен индекс-каталог
- Категорија:NGC објекти
- Категорија:IC објекти
Оваа статија од областа на астрономијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |