Општини во Исланд

Општините (исландски: sveitarfélög) се второстепена управна единица на Исланд со надлежност врз многу јавни работи како претшколските установи, основните училишта, комуналиите, социјалата, станбените прашања, јавниот превоз, службите, старите и хендикепираните лица. Раководат и со урбанистичкото зонирање и преземаат должости по сопствен избор, зависно од расположливите средства. Автономијата на општините е загарантирана со уставот на државата.

Општините во состав на регионите на Исланд.

Историја

уреди

Оваа единица води потекло од периодот на народовластие во X век кога селското население се организирано во околии (hreppar) со цел да им пружи помош на најсиромашните жители. Со почетокот на урбанизацијата на Исланд XVIII и XIX век, создадени се неколку независни селишта (kaupstaðir). Подоцна, во текот на XX век, улогата на општините претрпела формализација до тој степен што, кон крајот на векот исчезнале сите разлики помеѓу селските и градските општини.

Во најново време државната управа им предава сè повеќе надлежности на општините. Со ова се јавила потреба од создавање на поголеми општини со спојување на постоечките, или преземање на здружени надлежности како во другите нордиски земји.

Во 1950 г. во Исланд имало дури 229 општини.[1] Во 1995 г. се свеле на 170, во 2000 г. на 124, а од 2013 г. во земјата има 74 општини.

Управа

уреди

Со општините раководат совети од 5 до 15 члена кои се бираат со општонародно гласање на секои четири години. Највеќето општини имаат извршен раководител кој не мора да членува во советот; во градовите раководителите се градоначалници (bæjarstjóri/borgarstjóri), во селските и мешаните општини се нарекуваат општински началници (sveitarstjóri). Овие раководители честопати се вработуваат според нивната стручност и се политички независни.

Список на општини

уреди
Општина Службен матичен назив Регион Население[2] Површина
(км2)
Рејкјавик Reykjavíkurborg Престолнински 126.041 274,19
Коупавогир Kópavogsbær Престолнински 35.970 79,99
Селтјарнарнес Seltjarnarnesbær Престолнински 4.575 2,11
Кардапајр Garðabær Престолнински 15.709 75,46
Хапнарфјердир Hafnarfjarðarkaupstaður Престолнински 29.412 144,07
Мосфетлспајр Mosfellsbær Престолнински 10.556 186,16
Кјоусархрепир Kjósarhreppur Престолнински 221 284,08
Рејкјанеспајр Reykjanesbær Јужен Полуостров 17.805 144,48
Кринтавик Grindavíkurbær Јужен Полуостров 3.323 423,46
Сангерди Sandgerðisbær Јужен Полуостров 1.779 61,79
Кардир Sveitarfélagið Garður Јужен Полуостров 1.595 20,67
Вогар Sveitarfélagið Vogar Јужен Полуостров 1.268 164,4
Акранес Akraneskaupstaður Западен 7.259 8,57
Скораталсхрепир Skorradalshreppur Западен 56 215,8
Квалфјардарсвејт Hvalfjarðarsveit Западен 648 481,06
Поргарпигд Borgarbyggð Западен 3.745 4.926,85
Кринтарфјердир Grundarfjarðarbær Западен 877 149,08
Хелгафетлсвејт Helgafellssveit Западен 58 242,94
Стикисхоулмир Stykkishólmsbær Западен 1.177 10,53
Еја- и Миклахолтсхрепир Eyja- og Miklaholtshreppur Западен 129 383,51
Снајфетлспајр Snæfellsbær Западен 1.641 682,04
Талапигд Dalabyggð Западен 667 2.426,88
Полингарвик Bolungarvíkurkaupstaður Западни Фјордови 945 108,08
Исафјардарпајр Ísafjarðarbær Западни Фјордови 3.707 2.380,55
Рејкхоулахрепир Reykhólahreppur Западни Фјордови 275 1.096,23
Таулкнафјартархрепир Tálknafjarðarhreppur Западни Фјордови 244 175,38
Вестирпигд Vesturbyggð Западни Фјордови 1.024 1.336,06
Судавик Súðavíkurhreppur Западни Фјордови 196 750,35
Аурнесхрепир Árneshreppur Западни Фјордови 43 705,41
Калтрананесхрепир Kaldrananeshreppur Западни Фјордови 109 458,4
Странтапигд Strandabyggð Западни Фјордови 451 1.833,88
Скагафјердир Sveitarfélagið Skagafjörður Северозападен 3.955 4.176,45
Западен Хунатинг Húnaþing vestra Северозападен 1.193 3.022,83
Плентиоус Blönduóssbær Северозападен 895 182,61
Скагастрент Sveitarfélagið Skagaströnd Северозападен 482 52,6
Скагапигд Skagabyggð Северозападен 93 488,59
Хунаватнсхрепир Húnavatnshreppur Северозападен 383 3.815,98
Акрахрепир Akrahreppur Северозападен 194 1.366,01
Акирејри Akureyrarkaupstaður Североисточен 18.787 135,55
Нордиртинг Norðurþing Североисточен 3.234 3.732,78
Фјатлапигд Fjallabyggð Североисточен 2.015 363,83
Талвикирпигд Dalvíkurbyggð Североисточен 1.880 597,35
Ејафјардарсвејт Eyjafjarðarsveit Североисточен 1.016 1.774,83
Хергаурсвејт Hörgársveit Североисточен 580 893,97
Свалпардстрантархрепир Svalbarðsstrandarhreppur Североисточен 483 54,39
Критипакахрепир Grýtubakkahreppur Североисточен 372 431,43
Скутистадахрепир Skútustaðahreppur Североисточен 493 6048,01
Тјернесхрепир Tjörneshreppur Североисточен 58 198,86
Тингејарсвејт Þingeyjarsveit Североисточен 962 5.971,58
Свалпардсхрепир Svalbarðshreppur Североисточен 92 1.154,31
Ланганеспигд Langanesbyggð Североисточен 481 1.328,85
Сејдисфјердир Seyðisfjarðarkaupstaður Источен 676 212,64
Фјардапигд Fjarðabyggð Источен 4.777 1.162,23
Вопнафјердир Vopnafjarðarhreppur Источен 655 1.903,31
Фљоутсталсхрепир Fljótsdalshreppur Источен 76 1.516,3
Поргарфјардархрепир Borgarfjarðarhreppur Источен 108 440,15
Прејдталсхрепир Breiðdalshreppur Источен 185 452,22
Тјупавогсхрепир Djúpavogshreppur Источен 461 1.132,63
Фљоутсталсхјерад Fljótsdalshérað Источен 3.547 8.883,77
Хорнафјердир Sveitarfélagið Hornafjörður Источен 2.306 6.309,44
Вестмански Острови Vestmannaeyjabær Јужен 4.284 16,14
Аурпорг Sveitarfélagið Árborg Јужен 8.995 157,19
Мирталсхрепир Mýrdalshreppur Јужен 633 749,09
Скафтаурхрепир Skaftárhreppur Јужен 560 6.944,26
Аусахрепир Ásahreppur Јужен 247 2.942,32
Источен Рангауртинг Rangárþing eystra Јужен 1.798 1.839,93
Надворешен Рангауртинг Rangárþing ytra Јужен 1.610 3.187,09
Хринаманахрепир Hrunamannahreppur Јужен 774 1.375,07
Кверагерди Hveragerðisbær Јужен 2.566 9,03
Елфис Sveitarfélagið Ölfus Јужен 2.111 736,32
Кримснес- и Крафнингсхрепир Grímsnes- og Grafningshreppur Јужен 479 899,44
Скејда- и Кнупверјахрепир Skeiða- og Gnúpverjahreppur Јужен 690 2.231,74
Плаускоугапигд Bláskógabyggð Јужен 1.115 3.300
Флоуахрепир Flóahreppur Јужен 644 288,9

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. http://www.samband.is/media/enska/sameining-sveitarfelaga-1950-2010_Engl.pdf
  2. „Единици на месната управа“. ec.europa.eu. Посетено на 2018-08-10. (англиски)

Надворешни врски

уреди