Општина Мирен-Костањевица
Општина Мирен-Костањеица (словенечки: Občina Miren - Kostanjevica, италијански: Comune di Merna Castagnevizza) — општина во западна Словенија, на границата со Италија. Сместена е во Горичкиот регион на областа Приморска и во 2020 г. броела 4.977 жители.[1] Седиште на општината е паланката Мирен, сместена во западниот дел на Випавската Долина.[2] Друго поголемо место е селото Костањевица на Крас.
Општина Мирен-Костањевица Občina Miren - Kostanjevica | ||
---|---|---|
општина | ||
Местоположба на Општина Мирен-Костањевица во Словенија | ||
Земја | Словенија | |
Седиште | Мирен | |
Управа | ||
• Градоначалник | Маурициј Хумар | |
Површина | ||
• Вкупна | 62,8 км2 (242 ми2) | |
Население (2020)[1] | ||
• Вкупно | 4.977 | |
• Густина | 7,9/км2 (21/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+01) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02) | |
Мреж. место | miren-kostanjevica.si |
Историски, ова место е поврзано со соседното место Соводње на Соча (итал. Савоња д’Изонцо), кое останало во Италија со Парискиот мировен договор од февруари 1947 г. Од втората половина на XIX век Мирен е центар на трговијата и лесната индустрија, тесно поврзан со градските подрачја на Горица (Гориција) и Тржич (Монфалконе). Од друга страна, Костањевица на Крас е средиште на поголемо слабонаселено селско подрачје на високата висорамнина Крас. Со реформата од 1994 г. овие две подрачја се здружиле во една општина. Од 1947 г. двете места гравитираат кон конурбацијата Нова Горица-Шемпетер, каде мештаните често доаѓаат.
Кај Мирен има граничен премин кон Италија.
Населени места
уредиПокрај општинското седиште Мирен, општината ги опфаќа и следните населени места:
Познати личности
уреди- Драго Марушич (1884 - 1964) — политичар, бан на Дравската бановина (1931-34)
- Станко Вук (1912 - 1944) — поет и антифашистички деец
- Игор Торкар (1913 - 2004) — писател и политички деец
- Оскар Когој (р. 1942) — индустриски дизајнер
- Негован Немец (1947 - 1987) — вајар
- Деан Комел (р. 1960) — филозоф
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Prebivalstvo po naseljih, podrobni podatki, Slovenija, 1. januar 2020“. Statistični urad Republike Slovenije. 8 јуни 2020. Посетено на 8 јуни 2020.
- ↑ Miren-Kostanjevica municipal site
Надворешни врски
уреди- Општина Мирен-Костањевица на Ризницата ?
- Портал на Општина Мирен-Костањевица (словенечки)
- Општина Мирен-Костањевица на Геопедија Архивирано на 20 јуни 2012 г.