Општествена структура на Британија

Општествената структура на Британија се менувала низ вековите и тешко е соодветно да се расправа на таа тема во една статија. Меѓутоа постојат конкретни називи на класите, сталежите и категориите кои се од помош при дефинирање на таа структура.

Вобернска опатија — дом на војдовите од Ведфорд
Хароу — традиционално улилиште за деца од високата класа

Општи општествени касти

уреди

Еве основни категори кои важеле за најголемиот дел од населението во XVII век, но и многу време пред и по тоа:

Сталеж Особености
Кметови и работници степен под слободните селани бидејќи морале да работат кај други за надница. Најниска од работничките класи; багабонтите, бездомниците, криминалците и други изгнаници би биле подолу.
Слободен селанец (или друг занает) занаетчија или земјоделец кој или живеел под кирија, или имал многу малку земја. Некои извори велат дека поседот на слободниот селанец бил околу 30 акри.
Јоуман Јоуманите биле ситни земјоделци со разумно голема земја и можеле да се штитат од соседните лордови и сл. Служеле воена улога како стрелци.
Господство/Господин Господството имало доволно средства за да живее од кирии без да работи. Ако работеле, тоа би било во правната сфера, како свештеници, во политика, или други такви занимања. „Штитоносци“ се нарекувале оние господа кои немале доделено витештво. Во ранонововековната општествена хиерархија понекогаш трговците биле помеѓу јоуманите и господата.
Витез/Свештеник/Правник Дефиницијата за зборот витез зависи од векот во кој се применувал. Во многу раниот Среден век витезот бил обичен војник. Во XVII век витезот бил член на господството, а воената улога му била како шериф на грофовија, или организација на поголемо тело на воени сили.
Баронет/Витез (наследен витез, не пер) Баронетот не бил пер, туку наследен витез.
Пер (Благородник/Архиепископ) Перовите биле великопоседници, живееле само од средствата, имале место во Домот на лордовите, и или имале двор, или имале улога на двор (зависно од добата).
Член на кралско семејство Очигледно само од себе. Член на кралско семејство, како принц, близок роднина на крал или кралица.

Хералдиката и општествените класи

уреди

Англиски поданик со грб регистриран во Колегијатот на грбови, и Шкот во Судот на Лордот Лајон се нарекува грбоносец („армигер“). Било кој британски поданик може да поднесе барање за грб во својата земја. Грбот сам по себе и за себе нема врска со оптествениот статус; ова е погрешно сфаќање на хералдичката традиција. Меѓутоа круната и разни други симболи се резервирани за кралско семејство. Хералдичката традиција во Шкотска ја регулира Лордот Лајон од 1437 наваму, но во Англија не била регулирана сѐ до Хенри VIII, кога кралските хералди биле праќани во „посети“ за да ги забележат сите грбови во употреба и соодветно да ги регистрираат. Бидејќи грбовите се употребувале за запечатување на документи, одржувањето на единственоста на регистрацијата на обележјето било голема важност во тоа време.

Извори

уреди