Опел Антара — теренски кросовер автомобил (SUV), кој бил дизајниран и произведуван од Опел од 2006 до 2015 година. Антара, заснована на платформата Тета, како модел поседувал својства на Шевролет Каптива. Сепак, овој модел бил понуден на пазарот со пет намето со седум седишта, и имал различен дизајн во внатрешноста и надворешноста. Продажбата започнала во ноември 2006 година.

Опел Антара
ПроизведувачOpel (General Motors)
Познат и какоШевролет Каптива Спорт (Северна Америка)
Даеву Винсторм Макс (Јужна Кореја, 2006-2011)
ЏМЦ Терајн (Близок Исток, 2008-2010)
Холден Каптива Макс (Австралија & Нов Зеланд, 2006-2009)
Холден Каптива 5 (Австралија & Нов Зеланд, 2009-2015)
Сатурн Вју (САД, 2008–2010)
Воксхал Антара (Обединето Кралство)
Производство2006–2015 (Европа)
2006–денес (под лиценца)
СклопувањеЈужна Кореја: Bupyeong (Џенерал моторс Кореја)
Мексико: Рамос Ариспе (Џенерал моторс Мексико)
Русија: Санкт Петербург (Џенерал моторс)[1]
ПретходникОпел Фронтера
Холден Фронтера Спорт (Австралија)
НаследникОпел Грандленд X
Шевролет Еквинокс
Класатеренски кросовер автомобил (J)
Вид каросерија5-врати
ПлатформаПлатформа GM Theta
Моторбензин
2.4 L Family II I4
2.4 L Екотек I4
3.2 L High Feature V6
3.0 L High Feature V6
3.5 L High Value V6
3.6 L High Feature V6
дизел
2.0 L VCDi I4-T
2.2 L VCDi I4-T
Plug-in Hybrid
2.4 L Екотек I4
3.6 L High Feature V6
Пренос
  • 6-брзини (рачно)
  • 4-брзини (автоматско)
  • 5-брзини (автоматско)
  • 6-брзини (автоматско)
  • CVT 2MT70 automatic
Меѓуоскино раст.2,707 mм (106.6 ин)
Должина4,575 mм (180.1 ин)
Ширина1,850 mм (72.8 ин)
Висина1,704 mм (67.1 ин)
Нетоварена тежина1,885–1,996 kg (4,156–4,400 lb)

Во Велика Британија, автомобилот се продавал како Воксхал Антара, во Австралија како Холден Каптива, а во САД и Канада се како Сатурн Вју. Антара се продавала како ЏМЦ Терајн на Блискиот Исток, Даеву Макс во Јужна Кореја, и како Шевролет Каптива Спорт во Америка освен Чиле, каде бил продаван како Опел.

Производство

уреди

Антара за првпат била претставена од концептниот автомобил со три врати „Опел Антара ГТЦ“ (Гран Туризо Кросовер), на Саемот за автомобили во Франкфурт во 2005 година. Антара ГТЦ се заснова на моделот со три врати, Шевролет T2X. Сличен автомобил со три врати подоцна бил прикажан на Меѓународниот автомобилски саем во Њујорк во 2006 година како Сатурн Превју.

Фејслифт

уреди

Во ноември 2010 година, бил најавен фејслифт на моделот. Предниот крај беше ревидиран, а двете предни и задни светла освежени. Новата ознака на Опел, исто така, се појавила на овој модел, соодветно. Однатре, моделот доживеал промени зголемувајќи го просторот за складирање и осветлување на ентериерот.

Електричната сопирачка за паркирање, shift up опцијата станале стандардни за моделот. Бил воведен дизел мотор со согласност со Еуро 5, 2,2 литри кој го заменил претходниот 2,0 литар и ажурирана верзија на бензинот од 2,4 литри.

Производството завршило во март 2015 година, при што индиректниот наследник на автомобилот станал Опел Грандленд X, кој бил лансиран во септември 2017 година.

Мотори

уреди
Меѓународно ниво
Модел Тип Зафатнина Сила Вртежи Трансмисија Години
2.0 VCDi (t/c) I4 (дизел) 1,991 cc 110 kW (148 hp) 320 N•m (236 lbf•ft) 5 брзини рачно
5 брзини автоматско
2006–2010
2.2 VCDi (t/c) I4 (дизел) 2,231 cc 120 kW (161 hp) 350 N•m (258 lbf•ft) 6 брзини рачно
6 брзини автоматско
2010–2015
135 kW (181 hp) 400 N•m (295 lbf•ft) 2010–2015
2.4 Family II I4 (бензин) 2,405 cc 103 kW (138 hp) 220 N•m (162 lbf•ft) 5 брзини рачно 2006–2010
2.4 Ecotec I4 (бензин) 2,384 cc 123 kW (165 hp) 230 N•m (170 lbf•ft) 6 брзини рачно
6 брзини автоматско
2010–2015
3.2 High Feature V6 (бензин) 3,195 cc 167 kW (224 hp) 297 N•m (219 lb•ft) 5 брзини автоматско 2006–2010
Americas
2.4 Ecotec I4 (бензин) 2,384 cc 126 kW (169 hp) 218 N•m (161 lb•ft) 4 брзини автоматско MY2008–2009
2.4 Ecotec (hybrid) I4 (petrol) 2,384 cc 128 kW (172 hp) 226 N•m (167 lb•ft) 4 speed automatic MY2008–2009
2.4 Ecotec I4 (бензин) 2,384 cc 136 kW (182 hp) 233 N•m (172 lb•ft) 6 брзини автоматско MY2012–2015
3.0 High Feature V6 (бензин) 2,997 cc 197 kW (264 hp) 301 N•m (222 lb•ft) 6 брзини автоматско MY2012–2015
3.5 High Value V6 (бензин) 3,510 cc 166 kW (222 hp) 298 N•m (220 lb•ft) 6 брзини автоматско MY2008–2009
3.6 High Feature V6 (бензин) 3,564 cc 192 kW (257 hp) 336 N•m (248 lb•ft) 6 брзини автоматско MY2008–2009
3.6 High Feature (хибридно) V6 (бензин) 3,564 cc 195 kW (262 hp) 339 N•m (250 lb•ft) CVT 2MT70 автоматско Прекинато

Пазари

уреди

Америка

уреди
 
Сатурн Вју XE (САД)
 
Сатурн Вју (САД)
 
Шевролет Каптива Спорт (Мексико)

„Џенерал моторс“ во Соединетите држави и Канада ја вовеле „Опел Антара“ како дел од дивизијата Сатурн под името „Сатурн Вју“ во 2007 година. Сатурн претходно се претставил со дизајнот на меѓународниот автомобилски саем во април 2006 година во Њујорк, и со моделот „Сатурн ПреВју“, и повторно во Лос Анџелес 2007 година на саемот одржан од ноември до декември 2006 година.

Производството на моделот подоцна било преместено во Рамос Ариспе, Мексико. Објектот во Рамос Ариспе исто така го снабдувал пазарот и во Колумбија, Мексико, Бразил и Уругвај со Антара, иако бил наречен како „Шевролет Каптива Спорт“ во овие земји[2]. Во Чиле бил продаван како Опел Антара од Германија и го делел пазарот со Шевролет Каптива, кој доаѓал од Јужна Кореја.

Институтот за осигурување на безбедноста на автопатите (IIHS) го прогласил моделот во 2008 година како најбезбеден, откако добил добар вкупен резултат при извршените тестови[3].

Сатурн поседува 169 КС (126 kW) 2,4 литарски Екотек мотор во четири брзини. 222 КС (166 kW) 3,5 литарски V6 и 3,6 литарски V6 мотор со 257 КС (192 kW) биле по избор.

Каптива Спорт бил прекинат во САД во август 2014 година, бидејќи Шевролет ги насочил купувачите кон Шевролет Еквинокс. Моделот исто така бил прекинат во Мексико околу октомври 2015 година, по повторното воведување на Шевролет Еквинокс. Сепак, објектот на „Рамос Ариспе“ продолжил да склопува за останатите латиноамерикански пазари до 2017 година, кога бил заменет со третата генерација „Еквинокс“.

Австралија

уреди

Австралискиот пазар ја добил Антара како дел од палетата на Холден Каптива. Кога бил воведен во ноември 2006 година, откако бил објавен претходниот септември[4], моделот на Антара бил познат како „Каптива Макс“, продавајќи се заедно со Шевролет Каптива[5].

Се нудел со единечен погон, автоматски со пет брзини опремен со 3,2 литарски V6 мотор[6]. Моделот останал во продажба во Австралија до 2008 година[7], иако продажбата во Нов Зеланд продолжила до крајот на 2009 година[8].

Во пресврт на претходната позиција на пазарот на „Каптива“ врз основа на „Антара“, Холден во декември 2009 година повторно го вовел моделот со пет седишта, наречен „Каптива 5“[9], додека поскапите модели биле ребрендирани како „Каптива 7“[10][11].

Холден ја понудил „Каптива 5“ само со бензински мотор од 2,4 литри[12]. Моделите на погон на предните тркала користеле само рачен менувач со пет брзини, со автоматска варијанта со пет брзини понудени само во комбинација со сите погони на тркалото[12]. Ревизиите на серија II биле објавени за „Каптива 5“ во февруари 2011 година, а продажбата започнала во март[13].

Наводи

уреди
  1. „GM launches Opel Antara production in Russia“. Reuters. 25 September 2007. Посетено на 30 April 2010.
  2. „Nueva Chevrolet Captiva Sport 2008“ (шпански). Terra Networks México. 28 November 2007. Архивирано од изворникот на 2010-07-24. Посетено на 24 December 2007.
  3. „Saturn Vue“. Insurance Institute for Highway Safety. Архивирано од изворникот на 7 June 2009. Посетено на 21 May 2009.
  4. Pettendy, Marton (12 September 2006). „Opel Antara to head Holden's Captiva range“. GoAuto. John Mellor. Архивирано од изворникот на 2008-08-29. Посетено на 4 November 2009.
  5. Stevens, Samantha (10 October 2006). „Holden Captiva: imported SUV“. The Sunday Telegraph. News Limited. Посетено на 22 January 2008.
  6. McGavin, Cameron (27 January 2007). „Holden Captiva MaXX“. The Age. Fairfax Media. Архивирано од изворникот на 2012-03-20. Посетено на 18 February 2011.
  7. Newton, Bruce (6 March 2009). „Holden gives Captiva a tweak“. Drive. Fairfax Media. Архивирано од изворникот на 6 July 2011. Посетено на 3 June 2009.
  8. „2009 Holden Captiva“. Red Book New Zealand. Automotive Data Services. Архивирано од изворникот на 2011-07-24. Посетено на 4 November 2009.
  9. „Overview: 2009 Holden Captiva 5 2.4 2WD 5-dr wagon“. GoAuto. John Mellor. Архивирано од изворникот на 2011-03-09. Посетено на 18 February 2011.
  10. Maric, Paul (17 February 2010). „Holden Captiva Review & Road Test“. Car Advice. Посетено на 18 February 2011.
  11. Spinks, Jez (29 May 2010). „Small 4WDs Mega-test“. The Sydney Morning Herald. Fairfax Media. Архивирано од изворникот на 2011-07-06. Посетено на 18 February 2011.
  12. 12,0 12,1 Casey, Kez (25 May 2010). „2010 Holden Captiva 5 Manual Road Test Review“. The Motor Report. Посетено на 18 February 2011.
  13. Hammerton, Ron (16 February 2011). „First drive: Holden's fresh Captiva goes hunting in pairs“. GoAuto. John Mellor. Архивирано од изворникот на 2011-02-21. Посетено на 18 February 2011.

Надворешни врски

уреди