Олимписки парк (Лондон)

(Пренасочено од Олимписки парк, Лондон)

Олимпискиот парк (англ. Olympic Park) е нов спортски комплекс во реоните Стратфорд, Боу, Лејтон и Хомертон во градот Лондон, каде ќе се одржат Летните олимписки игри 2012 и параолимпијадата.

Олимписки парк
(2013: Олимписки парк „Кралица Елизабета“)
Карта на олимпискиот парк „Кралица Елизабета“
Карта на олимпискиот парк „Кралица Елизабета“
Координати: 51°32′46″N 0°00′46″W / 51.54615° СГШ; 0.01269° ЗГД / 51.54615; -0.01269
ЗемјаАнглија
ГрадЛондон
РеонСтратфорд, Бау, Лејтон, Хомертон
Час. појасUTC (UTC0)
 • Лето (ЛСВ)BST (UTC+1)
Пошт. бр.E20
Олимпиското село во изградба (јуни 2011)
Предложената 40-катница за сместување на натпреварувачите во рамките на Олимпиското село

Предвидено е во 2013 г. паркот да биде преименуван во Олимписки парк „Кралица Елизабета“ (Queen Elizabeth Olympic Park), со неговото повторно отворање по игрите. Паркот ќе го носи името на кралицата Елизабета II, по повод нејзиниот дијамантски јубилеј кој ќе биде одбележан во јуни 2012.[1]

Проектирање и изградба

уреди

Проектанти на паркот се EDAW (со Buro Happold), во соработка со Arup и Atkins, и треба да биде завршен во 2011 г. Подоцна задачата за проектирањето припаднала на LDA Design и Hargreaves Associates кои ги надополнуваат своите замисли врз основа на претходните.

Според првичните планови, паркот требал да содржи четири арени, но подоцна е одлучено да има само три (преместувајќи го ракометот во изложбениот центар Ерлс Корт).[2] Потоа е откажана и мечувалската арена (преместувајќи го мечувањето во изложбениот центар ExCeL). Преостанатите две покриени игралишта се Кошаркарската и Ракометната арена.

Во подготвителните фази се отстранети 52 импозантни далноводи со висина, секој по 65 м кои дотогаш доминирале во ова подрачје. Изградени се и тунелите за спроведување на кабли. За обезбедување на доволен простор се преместени и неколку фирми.

Игралишта

уреди

Покрај самиот парк, во близината ќе има и Олимписко село во кое ќе бидат сместени натпреварувачите.

Оставнина

уреди

По олимпијадата, разни делови од паркот ќе претрпат пренамена:[3][4]

  • Местото ќе образува значаен дел од технолошкиот реон „Источнолондонски технолошки град“ (East London Tech City).[5]
  • Олимпискиот парк ќе биде претворен во еден од најголемите урбани паркови во Европа, предвиден да ја збогати локалната екологија со барски подрачја и домородни видови на растенија.
  • По олимпијадата ќе се отвори нов универзитет за спорт, дигитални медиуми и екотехнологија кој ќе ги искористи спортските игралишта и високотехнолошката комуникациска инфраструктура.
  • Спортските објекти ќе бидат ставени на располагање на локалните спортски клубови и друштва.
  • Олимпиското село ќе биде претворено во 3.600 станови во населбата „Стратфорд Сити“.
  • Ќе се вратат парцелните градини „Манор Гарден“
  • Изградба на уште објекти за домување и урбан живот.
  • Во паркот ќе биде поставена челичната кула „ArcelorMittal Orbit“ која ќе биде уметничко дело со најголеми димензии во Велика Британија.[6]
Олимпискиот парк во Лондон во март 2012: Центарот за водени спортови (лево), кулата „ArcelorMittal Orbit“ (во средина), Олимпискиот стадион (одзади десно) и Ватерполо-арената (напред десно).

Наводи

уреди
  1. Олимписките терени да се преименуваат Олимписки парк „Кралица Елизабета Би-Би-Си Вести] 10 октомври 2010 (англиски)
  2. Би-Би-Си Спорт - Олимпијада 2012 (англиски)
  3. https://archive.today/20120530210400/www.london2012.com/plans/olympic-park/legacy/index.php
  4. http://www.timesonline.co.uk/tol/sport/olympics/article6126765.ece[мртва врска]
  5. „Камерон ја откри визијата за источен Лондон како силициумска долина“. Би-Би-Си Вести. 4 ноември 2010. Посетено на 4 ноември 2010. (англиски)
  6. http://www.guardian.co.uk/uk/2010/mar/31/anish-kapoor-artwork-tower-london

Надворешни врски

уреди