Оливер Зорг

(Пренасочено од Оливер Сорг)

Оливер Зорг (германски: Oliver Sorg, роден на 29 мај 1990 во Енген) — германски фудбалер, десен бек на Нирнберг и на германската репрезентација.[1][2]

Оливер Зорг
Лични податоци
Полно име Оливер Зорг
Роден на 29 мај 1990(1990-05-29)(34 г.)
Роден во Енген, Западна Германија
Држава Германија Германија
Висина &100000000000001750000001,75 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Нирнберг Нирнберг
Број 25
Младинска кариера
Фрајбург Фрајбург
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2019-2012 Фрајбург II Фрајбург II 68 (1)
2012-2015 Фрајбург Фрајбург 105 (3)
2015-2019 Хановер 96 Хановер 96 87 (0)
2019- Нирнберг Нирнберг 22 (0)
Репрезентација
2011 Германија Германија 21 5 (0)
2014– Германија Германија 1 (0)
* Ажурирано на: 6 јануари 2012
** Ажурирано на: 6 јануари 2012

Клупска кариера

уреди

Зорг е производ на академијата на Фрајбург. Откако напредувал низ сите младински категории во клубот, во 2009 година бил промовиран во вториот тим, а своето деби за првиот тим на Фрајбург го направил 21 јануари 2012 во победата со 1-0 над Аугсбург. Оттогаш тој станал стандарден првотимец во клубот и одиграл преку 100 натпревари за Фрајбург во сите натпреварувања до летото 2015 година.

На 10 јуни 2015 година, по испаѓањето на Фрајбург од Бундеслигата Зорг му се приклучил на Хановер 96.[3] Неговата прва сезона со 96-ките не завршила добро за клубот, откако тој ја доживеал истата судбина како и година дена претходно со Фрајбург: испаѓање од Бундеслигата. Сепак, за разлика од претходно овојпат Зорг останал во Хановер и му помогнал на клубот да се врати во Бундеслигата по само една сезона во 2. Бундеслига.

Во мај 2019, Зорг потпишал договор со Нирнберг како слободен играч откако му истекол договорот со Хановер.

Наводи

уреди
  1. „Oliver Sorg“. worldfootball.net. Посетено на 12 February 2012.
  2. „Oliver Sorg“. bundesliga.de. Архивирано од изворникот на 2012-08-09. Посетено на 12 February 2012.
  3. „Hannover 96 verpflichtet Oliver Sorg“ (германски). Hannover 96. Архивирано од изворникот на 10 June 2015. Посетено на 10 June 2015.

Надворешни врски

уреди