Олена Пчилка
Олга Петривна Косач (29 јуни 1849 – 4 октомври 1930 година), подобро позната по нејзиниот псевдоним Олена Пчилка (украински: Олена Пчілка) — украински издавач, писател, етнограф, преведувач, граѓански активист. Таа е сестра на Михајло Драгоманов и мајка на Лесја Украинка, Олга Косач-Кривињук, Михајло Косач, Оксана Косач-Шимановска, Микола Косач, Изидора Косач-Борисова и Јуриј Косач.[1]
Олга Петривна Косач Ольга Петрівна Косач | |
---|---|
Роден/а | јуни 29, 1849 Гадјач, Полтавска провинција, Руска Империја |
Починат/а | октомври 4, 1930 Киев, СССР | (возр. 81)
Псевдоним | Олена Пчилка |
Занимање | издавач, писател, етнограф, преведувач, граѓански активист |
Јазик | украински |
Државјанство | Руска Империја СССР |
Апсолвент на | Примерниот интернат за благородни девојчиња (Киев) |
Сопруг/а | Петро Антонович Косач |
Деца | Лесја Украинка |
Рани години
уредиПчилка беше родена во Гадјач во семејството на локалниот земјопоседник Петро Јакимович Драгоманов. Нејзиното основно образование таа го завршила дома, а потоа дипломирала од Примерниот интернат за благородни девојчиња (Киев) во 1866 година. Нејзините родители вградиле во неа љубов кон литературата и кон украинските народни песни, приказни и обичаи.
Таа стапи во брак со Петро Антонович Косач околу 1868 година и во текот на летото таа се пресели со него во Звјахел каде што работела. Пчилка запишувала народни песни, народни обичаи и ритуали и собирала народни везови во Волинија, подоцна објавувајќи ги нејзините истражувања. Овде на 25 февруари 25 1871 година, е родена нејзината ќерка Лариса, која влезе во украинската и светската литература како Лесја Украинка. Двајца синови и четири ќерки израснале во семејството Косач.
Кариера
уредиСвојата кариера Пчилка ја започна преведувајќи дела на Пушкин и Лермонтов. Во 1876 година во Киев, таа ја објави нејзината книга "Украинскиот национален украс", што ѝ донесе слава како прв експерт за овој вид на народна уметност во Украина. Во 1881 година таа објави колекција на преводи на Николај Гогољ, Александар Пушкин и Михаил Лермонтов. Од 1883 година таа почна да објавува песни и раскази во Лавов во списанието "Зора", а првата нејзина збирка на поезија таа ја објави во 1886 година. Во исто време, таа зеде активно учество во женското движење во 1887 година, особено во соработка со Наталија Кобринска со кого таа објави алманах во Лавов наречен "Првата круна".
Во 1890-тите години таа живееше во Киев. Во 1905 година Пчилка како една од четири делегати - украински интелектуалци, во Санкт Петербург разговорале со грофот Сергеј Вите, неуспешно барајќи поништување на долгорочната забрана на печатењето и школувањето на украински јазик.
Во периодот од 1906-1914, таа била издавач на списанието "Роден крај" со додатокот "Млада Украина" (1908-1914) и "Гадјачкиот весник" (1917-1919).
Пчилка почина на 4 октомври 1930 година и била погребана во гробиште во Киев до нејзиниот сопруг, ќерка и син.
Преведувач
уредиПчилка исто така беше преведувач и има преведено на украински јазик многу познати дела, како што се оние на Овидиј, Николај Гогољ, Адам Мицкевич, Александар Пушкин, Гете, Андерсен, Виктор Иго и други.
Дела
уредиМеѓу најистакнатите нејзини дела се следниве:
- "Товаришки" (Другарки, 1887),
- "Світло добра і любові" (Светлината на добрината и љубовта, 1888),
- "Соловйовий спів" (Славејско пеење, 1889),
- "За правдою" (За вистината, 1889),
- "Артишок" (Артичока, 1907),
- "Півтора оселедця" (Половина харинга, 1908),
- играта "Сужена не огужена" (1881),
- играта "Світова річ" (Светска работа, 1908) и други.
Олена Пчилка има респектабилно место во украинската детска литература. Покрај бројните песни, бајки и раскази, таа има напишано и многу претстави за деца:
- "Пролетното утро на Тарасов" (1914)
- "Приказна за зелената шумичка"
- "Среќниот ден на Тарасик Кравченко" (1920)
- "Кисел, богатство, светски мир" (1921)
- "Децата на Кобар" и други.
Таа исто така напишала голем број новинарски и литературно-критички статии и мемоари и тоа: "М. П. Старитски" (1904), "Марко Кропивницки како уметник и автор" (1910), "Евгениј Чешел и неговото време" (1912), "Микола Лисенко" (1913), "Спомени на Михајло Драгоманов" (1926), "Автобиографија" (1930).
Таа има големи заслуги и во областа на проучувањето на украинскиот фолклор и етнографија. Значајна научна вредност имаат следниве дела: "Украини модели" (1912 и 1927), "За легендите и песните", "Украинското селско сликарство на ѕидовите" итн.
Нејзини збирки се: "Раскажувањето на приказни", I-III (1907, 1909, 1911) и "Приказна" (со автобиографија, 1930). По патувањето во Новоградскиот-Волински округ таа во 1876 година ја издаде брошурата "Украинскиот национален украс".
Наводи
уреди- ↑ Olga, Kosach-Kryvyniuk (1970). Леся Українка: Хронологія життя і творчості. New-York.
Надворешни врски
уреди- Дела од или за Олена Пчилка во разни библиотеки (каталог WorldCat) (англиски)
Извори
уреди- Янишин Б. М. Пчілка Олена
- Миронець І. Олена Пчілка // Життя і Революція. — Ч. 1–2. — К., 1931.
- Одарченко П. Недруковані поезії Олени Пчілки // Наші Дні. — Л., 1943.
- Чернишов А. Статті в ж. «Вітчизна» (1956, 1963, 1964) і в ж. «Прапор», 1969.
- Семенко С. Олена Пчілка — редактор «Газети Гадяцького земства» Архивирано на 27 декември 2013 г. // Образ: щорічний науковий збірник — К., 2010. — Вип. 11. — 120 с.
- Пчілка, Олена. Викинуті українці / О. Пчілка ; редактор-упорядник, передмова, примітки В. Архипов. — Київ: МАУП, 2006. — 352 с. — (Бібліотека українознавства ; вип. 5). — ISBN 966-608-533-X