Олег Константинович Антонов (руски: Оле́г Константи́нович Анто́нов), (Троици, Московска област, 7 февруари 1906 - Киев, 4 април 1984) – советски конструктор на авиони. Основач е на светски познатиот производител на авиони, компанијата АНТК Антонов, која денес носи име во негова чест.

Олег Константинович Антонов
Оле́г Константи́нович Анто́нов
Украинска поштенска марка во чест на Олег Антонов
Роден(а)7 февруари 1906(1906-02-07)
Троици, Московска област, Руска Империја
Починал(а)4 април 1984(1984-04-04)
Киев
Националностсоветска, руска
Полињаавиоиндустрија
ОбразованиеЛенинградски политехнички институт
Познат поинженер, пронаоѓач,
Поважни наградиСталинова награда
Ленинов орден
Орден на Октомвриската револуција
Херој на социјалистичкиот труд

Животопис

уреди

Олег Антонов бил конструктор, академик и еден од пионерите на советското едриличарство. На почетокот на својата кариера уште како студент со 18 години го конструирал своето прво летало ОКА-1 гулаб. Во текот на учењето на „Ленинградскиот политехнички институт“ направил низа успешни едрилици под називите ОКА-2 и 3, а едрилиците ОКА-5 и ОКА-7 се прославиле и во странство – наречени се Стандард-1 и 2, додека ОКА-6 победила на државното првенство во 1931 година. По дипломирањето, Антонов станал главен инженер, а подоцна и главен конструктор во московската фабрика за едрилици. Конструктор е на повеќе од 30 типови, покрај наведените вклучувајќи ги УПАР, УС-1, Ус-4, БС-3, 4 и 5. Рот-фронт едрилици со ознаки од 1 до 7, ИП, РЕ, М и БА-1.

Кон крајот на 1938 година, фабриката за едрилици е затворена, а Антонов преминува да работи кај конструкторот Јаковлев кој дотогаш проектирал и изработувал лесни спортски и школски авиони. Работејќи во фабриката во градот Красни Лечик, главно работел на конструкција на лесни транспортни авиони. Во 1940 година го конструира ОКА-38 „аист“ (во превод штрк) како копија на Физелер Fi-156, со француски мотор бенгали. Го надгледувал производството на лесниот транспортен авион Антонов А-7, а во периодот од 1943 до 1946 година бил прв заменик на Јаковлев и од 1945 година шеф на огранокот во Новосибирск.

Од 1946 година, Антонов работи самостојно како главен проектант во новооснованото биро ОКБ кое во 1952 година е преместено од Новосибирск во Киев. Во периодот од 1967 година до својата смрт бил генерален конструктор. Под негово водство изработени се леталата за воен транспорт Ан-8, Ан-12, Ан-22, Ан-26, Ан-32, Ан-72, Ан-124, потоа повеќенаменските авиони со кратка полетна патека Ан-2, Ан-14, Ан-28 и патничките Ан-10, Ан-24, како и едрилиците со метална конструкција Ан-11, Ан-13, Ан-15.[1]

Галерија

уреди

Авиони

уреди

Монети

уреди

Наводи

уреди
  1. „Кратка биографија на О. К. Антонов на мрежната страница aviation.ru“. Архивирано од изворникот на 2006-06-24. Посетено на 2016-04-12.