Оландско Море

море

Оландско Море (фински: Ahvenanmeri; шведски: Ålands hav) — водна површина во јужниот Ботниски Залив, помеѓу архипелагот Оланд и Шведска. Ги поврзува Ботниското Море и Балтичкото Море во потесна смисла. Морето често е немирно. Најтесниот дел е наречен Јужен Кваркен. Во браздата која протега на дното на Оландското Море се наоѓа втората најдлабока точка во Балтикот (301 м).

Местоположба на Оландското Море
Поглед на Оландското Море од островот Екере

Преку морето сообраќаат многу траекти од Финска до Шведска.[1]

Наводи

уреди
  1. Lasse Jansson (19 June 2014). „Vad hände sen med de gamla färjorna“ (шведски). Aftonbladet. Посетено на 30 January 2016.

Надворешни врски

уреди

60°10′N 019°10′E / 60.167° СГШ; 19.167° ИГД / 60.167; 19.167