Ботниско Море

море

Ботниско Море (шведски: Bottenhavet; фински: Selkämeri) — море кое го поврзува Ботнискиот Залив со Балтичкото Море. Кваркен се наоѓа помеѓу двете. Заедно, Ботниското Море и заливот сочинуваат поголем географски ентитет, Ботнискиот Залив, каде што Ботнинското Море е јужниот дел.[1] Целиот Ботниски Залив се наоѓа помеѓу Шведска, на запад, Финска, на исток, и Оландското Море и Архипелашкото Море на југ. Површината на Ботинското Море е приближно 79.000 км2. Најголемите крајбрежни градови, од југ кон север, се Раума и Пори во Финска и Јевле и Сундсвал во Шведска. Умео (Шведска) и Васа (Финска) се наоѓаат на крајниот север, во близина на Ботинскиот Залив.

Областа на Ботниско Море.
Ботнинско Море кај Холмсунд во Шведска во септември 2004 година.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Bottenhavet“ (шведски). Nationalencyklopedin. Посетено на 30 January 2016.

Надворешни врски

уреди