Околусончева комета
Околусончева комета — комета која минува крајно близу до Сонцето во перихел, понекогаш на само неколку илијади километри од сончевата површина. Иако помалите околусончеви комети може целосно да испарат за време на такава блиска средба со Сонцето, поголемите околусончеви комети може да преживеат бројни перихелни премини. Сепак, силното испарување и плимните сили, честопати доведуваат до распаѓање на кометите.
Сè до 1880-ите, се мсилело дека сите сјајни комети во близина на Сонцето се всушност една единствена околусончева комета. Тогаш, германскиот астроном Хајнрих Кројц и американскиот астроном Даниел Керквуд определиле дека, не станува збор за една единствена комета, туку секое набљудување било различна комета, но секоја од нив била поврзана со група на комети кои се разделиле една од друга при претходните премини во близина на Сонцето (во перихел).[1] Не се знаело многу за бројноста на околусончевите комети сè до 1979 година кога коронографските набљудувања го овозможиле забележувањето на околусончевите комети. Од 21 октомври 2017 година, постојат 1495 познати комети на ~12 сончеви полупречници (~0,055 ае).[2] Ова е всушност третина од сите комети.[3] Поголемиот број од овие комети испаруваат за време на нивното блиско приближување, но кометите со јадро поголемо од 2–3 км најверојатно ќе го преживеат преминот, при што нивниот полупречник ќе се намали на ~1 км.
Околусончевите комети се едни од најрано набљудуваните бидејќи се мошне сјајни. Некопи од нив дури се сметаат за големи комети. Блискиот премин на кометата до Сонцето, ќе предизвика засјајување, кое не е предизвикано само од одбивањето на зраците од јадрото кога е во близина на Сонцето, но Сонцето испарува поголем дел од гасот и тој гас одбива поголем дел од светлината. Крајното засјајување ќе овозможи да се вршат набљудувања со голо око од Земјата поради испарливоста на гасовите и доколку кометата е доволно голема за да го преживее преминот низ перихелот. Овие комети обезбедуваат корисна алатка за разбирање на составот на кометите како што се набљудува испарувањето на гасовите и начинот на кој овозможуваат да се испитуваат ефектите од сончевото зрачење на другите тела во Сончевиот Систем.
Историја
уредиПред XIX век
уредиЕдна од првите целосно определена орбита била онаа на околусончевата комета (и голема комета) од 1680 година, денес означена како C/1680 V1. Била набљудувана од страна на Исак Њутн и тој ги објавил резултатите за орбитата во 1687 година.[4] Подоцна во 1699 година Жак Касини предложил дека кометите можно е да имаат релативно куси орбитални периоди и дека C/1680 V1 е истатат комета набљудувана од Тихо Брахе во 1577 година, но во 1705 година, Едмонд Халеј определил дека разликата меѓу перихелите на двете комети е многу голема, за тие да бидат исто тело.[5][6] Сепак, со ова се означува првиот пат кога се претпоставувало дека некоја од големите комети е всушност една иста комета. Подоцна Јохан Франц Енке ја пресметал орбитата на C/1680 V1 и утврдил период од близу 9000 години и заклучил дека Касиновата теорија за краткопериодични околусончеви комети е погрешна. C/1680 V1 го имала измереното најмалото растојание за перихел сè до 1826 година кога е забележана кометата C/1826 U1.[4]
XIX век
уредиИмало напредок во разбирањето на околусончевите комети во XIX век со големите комети 1843, C/1880 C1 и 1882. C/1880 C1 и C/1843 D1 имале мошне сличен изглед и наликувале на големата комета од големата комета од 1106 година, од оваа причина Керквуд предложил дека C/1880 C1 и C/1843 D1 биле посебни делови од истото тело.[1] Тој исто така претпоставил дека родното тело било комета забележана од Аристотел и Ефор во 371 п.н.е. бидејќи постоело тврдење дека Ефор забележал како кометата се разделува по преминот низ перихелот.[4]
Кометата C/1882 R1 се појавила само по две години по претходно набљудуваната околусончева комета со што биле убедени астрономите дека овие сјани комети не се истото тело. Некои астрономи теоретизирале дека минувале низ некоја отпорна средина во близина на Сонцето и тоа предизвикувало скусување на периодот.[4] Кога астрономите ја набљудувале C/1882 R1, го измериле периодот пред и по перихелот и не забележале никакво скусување во периодот кој ја побил претходната теорија. По перихелот ова тело било забележано дека ова тело се поделило на неколклу делови и затоа Керквудовата теорија дека овие комети потеркнуваат од едно родно тело била добро објаснување.
Во обид да се поврзат кометите од 1843 и 1880 година со кометата од 1106 и 371 година п.н.е., Кројц ги мерел деловите од кометата од 1882 година и заклучил дека најверојатно станува збор за дел од кометата од 1106 година. Тој подоцна означил дека сите околусончеви комети со исти орбитални особености се дел од Кројцовата група.[4]
Во XIX век исто така е добиен и првиот спектар на комета во близина на Сонцето снимена од Финлеј и елкин во 1882 година.[7] Подоцна со анализа на спектарот утврдено е постоење на спектрални линии на Fe и Ni.[8]
XX век
уредиПрвата околусончева комета набљудувана во XX век била во 1945 година и подоцна меѓу 1960 и 1970 година биле забележани уште пет околусончеви комети (C/1961 O1, C/1962 C1, C/1963 R1, C/1965 S1 и C/1970 K1). Кометата од 1965 година (Икеја-Секиева комета) овозможила мерења на спектралните оддавни линии и биле забележани неколку елементи меѓу кои и железо, што била првата комета по големата комета од 1882 година која по состав имала железо. Другите оддавни линии вклучувале K, Ca, Ca+, Cr, Co, Mn, Ni, Cu и V.[9][10][11][12][13] Икеја-Секиевата комета исто така довела до раздвојување на Кројцовите околусончеви комети во две подгрупи од страна на Брајан Марсден во 1967 година.[14] Едната подгрупа за рпдно тело ја има кометата од 1106 година, додека пак другата група има слична динамика но досега потеклото не е сврзано со некое родно тело.
Коронографски набљудувања
уредиXX век на големо влијаел на истражувањето на околусончевите комети со лансирањето на коронографските телескопи меѓу кои биле и Солвинд, СММ и СОХО. Сè до овој момент околусончевите комети биле забележувани само со голо око, но со коронографските телескопи многу околусончеви комети биле набљудувани кои биле многу помали и мал број го преживеале преминот низ перихелот. Кометите набљудувани со Солвинд и СММ од 1981 до 1989 година имале видлива величина од околу -2,5 до +6 што е многу послабо од Икеја-Секиевата комета со видлива величина од околу -10.[4]
Во 1987 и 1988 година било првпат било забележано до страна на СММ дека има и парови на комети кои се појавуваат една по друга во кус период од половина ден до две недели. Со направените пресметки се утврдило дека параовите се дел од едно родно тело, кое се распоаднало на 10 ае од Сонцето.[15] Брзината при распадот изнесувала само неколку метри во секунда што е споредливо брзината на вртење на овие комети. Ова водело до заклучокот дека овие комети се раскршени од плимните сили и дека кометите C/1882 R1, C/1965 S1 и C/1963 R1 се делови од големата комета од 1106 година.[16]
Коронографите овозможиле да се измерат својствата на кометата како што таа се приближувала блиску до Сонцето. Се забележало дека околусончевите комети имаат максимална сјајност на растојание од 12,3 сончеви полупречници или 11,2 сончеви полупречници. Се смета дека разликата во сјајноста се должи на различниот состав на прашината. Помал максимум на сјајност се забележува на 7 сончеви полупречници и најверојатно се должи на распадот на кометното јадро.[4] Друго објаснување е дека на 12 сончеви полупречници, преку сублимација на аморфните оливини и максимумот при 11,2 сончеви полупречници е од сублимацијата на кристалните оливини. Максимумот на 7 сончеви полупречници можно е да е од сублимацијата на пироксенот.[17]
Околусончеви кометни групи
уредиКројцови околусончеви комети
уредиНајпознатите околусончеви комети се Кројцовите околусончеви комети, при што сите потекнуваат од една џиновска комета која се распаднала на бројни помали комети за време на првиот премин низ внатрешниот Сончев Систем. Крајно сјаната комета забележана од страна на Аристотел и Ефор во 371 п.н.е. е можен кандидат за родното тело.
Големите комети, 1843 и 1882, Икеја-Секиевата комета во 1965 година и C/2011 W3 (Ловџој) во 2011 година се делови од првичната комета. Секоја од овие четири комети била краткои време доволно сјајна за да се забележува и во текот на денот, близу Сонцето, натсјајувајќи ја и полната месечина.
Во 1979 година, C/1979 Q1 (Солвинд) била првата околусончева комета која била забележана од американскиот сателит P78-1, во јкоронографските фотографии снимени на 30 и 31 август 1979 година.[18]
Од лансирањето на сателитот СОХО во 1995 година, се забележани стотици ситни Кројцови околусончеви комети, од кои скоро сите или испариле паѓајќи на Сонцето или биле уништени целосно при преминот низ перихелот, со исклучок на C/2011 W3 (Ловџој). Кројцовото семејство на комети е најверојатно многу поголемо отколку што се мислело порано.
Други околусончеви комети
уредиОколу 83% од набљудуваните околусончеви комети од страна на СОХО се членови на Кројцовата група.[21] Останатите 17% се други спорадични околусончеви комети, но препознаенио се и други три посебни групи на комети како што се: Крахтовата, Марсденовата и Мејеровата група. Марсденовата и Крахтовата групи се најверојатно поврзани со кометата 96P/Махолц. Овие комети исто така се поврзуваат и со неколку метеорски роеви, како што се Ариетидите, јужните делта Аквариди и Квадрантидите. Поврзаните орбити посочуваат дека и Марсденовите како и Крахтовите комети имаат мал период , со големина од околу 5 години, но Мејеровата група има средни или долгопериодични орбити. Мејеровата група на комети е вообичаено мала, несјајна и немаат опашки. Големата комета од 1860 година била околусончева комета и според Њутновите ио Керплеровите равенки за орбитално движење, и не била член ан ниту една од поголемите групи. Сепак, кометата C/2012 S1 (ИСОН), која се распаднала кусо пред преминот низ периохелот,[19] имала орбитални особености слични со оние на големата комета од 1860 година и е можно да е втор член на таа група.[22]
Потекло на околусончевите комети
уредиИзучувањата покажале дека кометите со голем орбитален наклон и перихелно растојани помало од околу 2 астрономски единици, збирниот ефект на гравитациски растројувања во текот на бројни орбити придонело да се намали перихелното растојание до многу мали вредности. Едно истражување покажува дека Хале-Боповата комета има шанси од 15% со текот на времто да стане околусончева комета.
Улогата во сончевата астрономија
уредиДвижењето на опашките на околусончевите комети кои го преживуваат преминот низа перихелот (како што е кометата Ловџој) им овозможуваат на сончевите астрономи да стекнат информации за структурата на Сончевата корона, особено за деталната магнетна структура.[23]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Kirkwood, Daniel (November 1880). „On the great southern comet of 1880“. The Observatory. 3: 590–592. Bibcode:1880Obs.....3..590K.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ JPL Small-Body Database Search Engine
- ↑ Johnston, Robert (27 July 2013). „Known populations of solar system objects“. Архивирано од изворникот на 2019-06-09. Посетено на 30 July 2013.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Marsden, Brian G. (September 2005). „Sungrazing Comets“. Annual Review of Astronomy & Astrophysics. 43 (1): 75–102. Bibcode:2005ARA&A..43...75M. doi:10.1146/annurev.astro.43.072103.150554. Посетено на 13 December 2013.
- ↑ Cassini, JD (1699). Hist. Acad. R. Sci. Paris. Amsterdam ed. 1734: 95–100. Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ Halley, Edmund (1705). Phil. Trans. 24: 1882. Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ Finlay, W.H.; W.L Elkin (November 1992). „Observations of the Great Comet 1882“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 43: 21–25. Bibcode:1882MNRAS..43...22E. doi:10.1093/mnras/43.1.21.
- ↑ Orlov, A. (1927). Astron. Zh. 4: 1–9. Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ Dufay, J.; Swings, P.; Fehrenbach, Ch. (November 1965). „Spectrographic Observations of Comet Ikeya-Seki (1965f)“ (PDF). Astrophysical Journal. 142: 1698. Bibcode:1965ApJ...142.1698D. doi:10.1086/148467.
- ↑ Curtis, G. Wm.; Staff, The Sacramento Peak Observatory (April 1966). „Daylight observations of the 1965 F comet at the Sacramento Peak Observatory“. The Astronomical Journal. 71: 194. Bibcode:1966AJ.....71..194C. doi:10.1086/109902.
- ↑ Thackeray, A. D.; Feast, M. W.; Warner, B. (January 1966). „Daytime Spectra of Comet Ikeya-Seki Near Perihelion“. The Astrophysical Journal. 143: 276. Bibcode:1966ApJ...143..276T. doi:10.1086/148506.
- ↑ Preston, G. W. (February 1967). „The spectrum of Ikkeya-Seki (1965f)“. The Astrophysical Journal. 147: 718. Bibcode:1967ApJ...147..718P. doi:10.1086/149049.
- ↑ Slaughter, C. D. (September 1969). „The Emission Spectrum of Comet Ikeya-Seki 1965-f at Perihelion Passage“. The Astronomical Journal. 74: 929. Bibcode:1969AJ.....74..929S. doi:10.1086/110884.
- ↑ Marsden, B. G. (November 1967). „The sungrazing comet group“. The Astronomical Journal. 72: 1170. Bibcode:1967AJ.....72.1170M. doi:10.1086/110396.
- ↑ Sekanina, Zdenek (20 October 2000). „Secondary Fragmentation of the [ITAL]Solar and Heliospheric Observatory[/ITAL] Sungrazing Comets at Very Large Heliocentric Distance“. The Astrophysical Journal. 542 (2): L147–L150. Bibcode:2000ApJ...542L.147S. doi:10.1086/312943.
- ↑ Sekanina, Zdenek; Chodas, Paul W. (10 December 2002). „Common Origin of Two Major Sungrazing Comets“. The Astrophysical Journal. 581 (1): 760–769. Bibcode:2002ApJ...581..760S. doi:10.1086/344216.
- ↑ Kimura, H (October 2002). „Dust Grains in the Comae and Tails of Sungrazing Comets: Modeling of Their Mineralogical and Morphological Properties“. Icarus. 159 (2): 529–541. Bibcode:2002Icar..159..529K. doi:10.1006/icar.2002.6940.
- ↑ cometography.com, C/1979 Q1 – SOLWIND 1
- ↑ 19,0 19,1 Sekanina, Zdenek; Kracht, Rainer (8 May 2014). „Disintegration of Comet C/2012 S1 (ISON) Shortly Before Perihelion: Evidence From Independent Data Sets“. arXiv:1404.5968 [astro-ph.EP].
- ↑ „A Unique Hubble View of Comet ISON“. Image Gallery. ESA/Hubble. Посетено на 15 August 2013.
- ↑ „Complete list of SOHO comets“. Архивирано од изворникот на 2011-08-05. Посетено на 2018-07-14.
- ↑ J. Bortle (2012-09-24). „the orbital elements' distinct and surprising similarity to those of the Great Comet of 1680“. comets-ml · Comets Mailing List. Архивирано од изворникот на 2013-09-27. Посетено на 2012-10-05.
- ↑ Death-defying comet wags its tail during solar embrace
Белешки
уреди- Bailey, M. E.; Emel'yanenko, V. V.; Hahn, G.; Harris, N. W.; Hughes, K. A.; Muinonen, K. (1996). „Orbital evolution of Comet 1995 O1 Hale-Bopp“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 281 (3): 916–924. Bibcode:1996MNRAS.281..916B. doi:10.1093/mnras/281.3.916.
- Bailey, M. E.; Chambers, J. E.; Hahn, G. (1992). „Origin of sungrazers – A frequent cometary end-state“. Astronomy and Astrophysics. 257 (1): 315–322. Bibcode:1992A&A...257..315B.
- Ohtsuka, K.; Nakano, S.; Yoshikawa, M. (2003). „On the Association among Periodic Comet 96P/Machholz, Arietids, the Marsden Comet Group, and the Kracht Comet Group“. Publications of the Astronomical Society of Japan. 55: 321–324. Bibcode:2003PASJ...55..321O. doi:10.1093/pasj/55.1.321.
Надворешни врски
уреди- SOHO sungrazers information
- Cometography sungrazers pageАрхивирано на 31 август 2011 г.
- Sun approaching comets Архивирано на 30 мај 2012 г.
- Mass Loss, Destruction and Detection of Sun-grazing and -impacting Cometary Nuclei (arXiv:1107.1857: 10 Jul 2011)