Голема комета
Голема комета — комета која станува исклучително светла. Не постои официјална дефиниција, честопати терминот е прикачен на комети, како што е Халеева Комета, кои се доволно осветлени за да бидат забележани од обичните набљудувачи кои не ги бараат, и да станат добро познати надвор од астрономската заедница. Големите комети се ретки; во просек, се појавува една во деценијата. Иако кометите се официјално именувани по нивните откривачи, големите комети понекогаш се споменуваат и во годината во која тие се појавиле, користејќи ја ознаката „Големата комета од ...“, по што следи годината.
Причини
уредиОгромен број на комети никогаш не се доволно светли за да се видат со голо око, и вообичаено минуваат низ внатрешниот Сончев Систем, незабележани од никој, освен од астрономите. Сепак, во некои случаи кометата може да се види со очи, а уште поретко може да стане светла или посветла од најсјајните ѕвезди. Условите за тоа да се случи се: големо и активно јадро, близок премин покрај Сонцето и близок пристап до Земјата. Комета која ги исполнува сите три критериуми сигурно ќе биде спектакуларна. Понекогаш, кометата што нема да успее во еден критериум сепак ќе биде исклучително впечатлива. На пример, кометата Хејл-Боп имала исклучително големо и активно јадро, но воопшто не се приближила доволно до Сонцето, па сепак станала исклучително позната и добро забележана комета. Подеднакво, Хјакутакеевата комета била прилично мала комета, но била светла, бидејќи поминала крајно блиску до Земјата.
Големина и активност на јадрото
уредиКометовите јадра се разликуваат по големина, притоа имајќи пречници од неколку стотици метри па до неколку километри. Кога се приближуваат до Сонцето, големи количества на гас и прашина се исфрлаат од кометни јадра, поради сончевото загревање. Значаен фактор колкава ќе биде светлината на кометата, е големината и активноста на јадрото. По повторувачките навраќања во внатрешниот Сончев Систем, се исцрпува кометното јадро од испарливи материјали и на тој начин се помалку светли од кометите кои за првпат минуваат низ Сончевиот Систем.
Ненадејното засветување на комета Холмсовата комета во 2007 година ја покажа важноста на активноста на јадрото за сјајноста на кометата. На 23-ти и 24 октомври 2007 година, кометата има ненадеен излив, што предизвика зголемување на засјајувањето за 500.000 пати. Неочекувано нејзината привидна величина се зголемува од 17 на 2,8 за само 42 часа,правејќи ја видлива за човековто око. Сите овие настани привремено направиле Холмсовата комета да биде најголемо (по полупречник) тело во Сончевиот Систем, иако неговото јадро се проценува дека има пречник само од 3,4 км.
Близок Перхелиски пристап
уредиСветлината на едноставно рефлексивно тело, се менува спооред обратнозависниот квадрат од растојанието до Сонцето. Односно, ако оддалеченоста на телото од Сонцето се преполови, нејзината светлина се кватрира. Сепак, кометите се однесуваат поинаку, поради испуштањето на големи количини испарливи гасови, кои потоа исто така ја одбиваат сончевата светлина, а и исто така можат да бидат и флуоресцентни. Нивната осветленост варира грубо како обратнозависен куб од нивната оддалеченост од Сонцето, што значи дека ако растојанието на кометата од Сонцето се преполови, таа станува за осум пати посветла.
Ова значи дека максималната осветленост на комета значително зависи од нејзиното растојание до Сонцето. За повеќето комети, перихелот на нивната орбита се наоѓа надвор од Земјината орбита. Секоја комета која се приближува до Сонцето до 0,5 ае или помалку, има шанса да стане голема комета.
Близок премин до Земјата
уредиЗа да стане кометата спектакуларна, таа треба да помине близу до Земјата. На пример, Халеевата Комета, обично е многу светла кога минува низ внатрешниот Сончев Систем секои седумдесет и шест години, но за време на нејзиното појавување во 1986 година, нејзиниот најблизок премин до Земјата е најоддалечениот од сите можни премини. Кометата била видлива за човековото око, но била незанимлива. Од друга страна, незначителната и мала Хјакутакеева комета била многу светла и спектакуларна поради нејзиниот близок премин до Земјата во текот на март 1996 година. Нејзиниот премин во близина на Земјата бил еден од најблиските премини на комета забележан досега.
Списока на големи комети
уредиГолемите комети во последниве 2000 години се:
- Неименувана – 373–372 п.н.е.[1][2]
- Халеева Комета – 87 п.н.е.[2]
- Цезарова комета – 44 п.н.е.[3]
- Халеева Комета – 12 п.н.е.[2]
- Халеева Комета – 1066
- Голема комета од 1106
- Голема комета од 1264[4]
- Голема комета од 1402
- Големата комета од 1556[5]
- Голема комета од 1577
- Голема Комета од 1618
- Голема комета од 1680
- Голема комета од 1744
- Голема комета од 1811
- Голема комета од 1819
- Голема комета од 1843
- Донатиева комета – 1858
- Голема комета од 1861
- Коџаева комета – 1874
- Голема комета од 1882
- Голема комета од 1901
- Голема комета од 1910
- Халеева Комета – 1910
- Скелерип-Маристаниева комета – 1927
- Аренд–Роланова комета – 1957
- Секи-Лајнсова комета – 1962[6]
- Икеја–Секиева комета – 1965
- Вестова комета – 1976[2]
- Халеева Комета – 1986
- Хјакутакеева комета – 1996
- Хејл-Бопова комета – 1997
- Мекнотова комета – 2007
- Ловџојова комета – 2011
Наводи
уреди- ↑ Зимска комета забележана од Ефор
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Donald K. Yeomans (April 2007). „Great Comets in History“. Jet Propulsion Laboratory/California Institute of Technology (Solar System Dynamics). Посетено на 2011-02-02.
- ↑ Ramsey, John T. & Licht, A. Lewis (1997), The Comet of 44 B.C. and Caesar's Funeral Games, Atlanta, ISBN 0-7885-0273-5.
- ↑ The Living Age, Volume 58. Lithotypod by Cowlea and Company, IT Washington St., Boston. Press of Geo. C. Rand & Avery. 1858. стр. 879.
- ↑ Vsekhsvyatsky, S. K. (1958). Physical Characteristics of Comets. Moscow: Fizmatgiz. стр. 102.
- ↑ Bortle, J., „The Bright Comet Chronicles“, harvard.edu, Посетено на 2008-11-18