Саутленд
(Пренасочено од Саутленд (регион))
Саутленд (англиски: Southland) е најјужниот регион во Нов Зеланд како и име на округ во рамките на тој регион. Регионот има само еден град, главниот град Инверкаргил и само уште еден округ, Гор. Зафаѓа површина од 28,681 км2. Според пописот од 2001, регионот има 91,002 жители, за 6,096 помалку од 1996.
Околина Саутленд Саутлендски Регионален Совет | |
Земја: | Нов Зеланд |
Регионален совет | |
---|---|
Назив: | Околина Саутленд |
Претседател: | Стјуарт Коли |
Население: | 92,400 јуни 2006 [1] Архивирано на 28 мај 2008 г. |
Површина: | 32,079км2 |
Мрежно место: | http://www.es.govt.nz |
Населени места | |
Поголеми: | Инверкаргил |
Помали: | Гор, Ламсден, Винтон, Матаура, Те Анау |
Составни административни единици | |
Имиња: | Град Инверкаргил, округ Гор, округ Саутленд |
Мрежни места: |
Седиштата на Саутлендскиот Регионален Совет, Саутлендскиот Окружен Совет и Инверкаргилскиот Градски Совет се наоѓаат во Инверкаргил. Саутлендскиот округ ги опфаѓа градовите Винтон, Ламсден и цел Стјуартов остров/Ракиура.
Во регионот се наоѓа Фјордлендскиот национален парк кој зафаќа површина од 7,860 км2. Во регионот спаѓа и Стјуартовиот остров, од кој голем дел е Раикурски национален парк.
Надворешни врски
уреди- Саутлендски Регионален Совет Архивирано на 10 октомври 2007 г. (англиски)
- Саутлендски Окружен Совет (англиски)