Одгледувај гаврани

„Одгледувај гаврани“ (шпански: Cría Cuervos) — филм од 1976 година, во режија на Карлос Саура (Carlos Saura), кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Џералдин Чаплин (Geraldine Chaplin), Ана Торент (Ana Torrent), Ектор Алтерио (Héctor Alterio), Кончита Перес (Conchita Pérez), Мајте Санчес (Mayte Sanchez), Флоринда Чико (Florinda Chico), Моника Рандал (Mónica Randall), Херман Кобос (Germán Cobos) и Мирта Милер (Mirta Miller). Филмот наишол на одличен прием од филмската критика, а на Канскиот филмски фестивал ја добил посебната награда на жири-комисијата.[1]

Содржина уреди

Најголем дел од дејствието се одвива во 1975 година, иако во него се испреплетуваат минатото, сегашноста и иднината. Осмогодишната Ана (ја игра Торент) го слуша гласот на татко си, кој е в кревет со некоја жена. Набргу, жената бега од собата, а Ана го пронаоѓа татко си мртов при што се чини дека умрел од срцев удар. Ана мирно ја носи чашата со млеко во кујната и ја мие. Тогаш, во кујната влегува нејзината мајка, која ја кара затоа што е будна доцна во ноќта. Меѓутоа, Ана само си го замислува присуството на мајка си, која е умрена откако заболела од рак. По смртта на татко ѝ, Ана и нејзините сестри живеат кај нивната тетка во Мадрид...

Наводи уреди