Огнило
орудие за потпала на оган
Огнило[1][2], секало[3][4] или чакмак[5][6] — челичен алат за палење оган.
Употреба
уредиВо минатото, огнилотo се користело за палење оган со удирање на кремен при што се создаваат искри. Искрата создадена од ударот на огнилото во кременот се насочува, односно се фрла на трат. Тратот е вид паразитска габа која расте на стеблата на дрвјата и која наменски се суши за потпал на оган со огнило. Огнилото што го правеле ковачите во минатото било прилагодено на раката. Огнилото се носело во приборот за палење кој содржел огнило, кремен и трат.
Наводи
уреди- ↑ „огнило“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „огнило“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „секало“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „секало“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „чакмак“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „чакмак“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик