Овал (латински ovum - јајце) — во геометријата секоја рамна крива што е слична по облик на јајце или елипса. За разлика од другите криви, овалите не се добро дефинирани и затоа неколку различни криви се нарекуваат овали. Таквите криви имаат некои заеднички одлики:

Овал со една оска на симетрија, наликува на кокошкино јајце.
Целосно заоблен правоаголник обично се нарекува овал.
Овал со две оски на симетрија образуван од четири допирни кружни лакови.

Овалот има C2 - глаткост. Може да се појават неколку случаи. Полукружница може да се здружи со половина елипса, две полукружници со отсечки или два кружни лакови може да се поврзат со два други кружни лакови (на сликите).

„Заоблениот правоаголник“ всушност не е овал, но тркачките патеки или спортските терени често се нарекуваат овали.

Други примери на овали се:

Облик на јајце

уреди

Обликот на јајце е приближно сличен на топка за рагби (половина од издолжен сфероид и половина од сплескан сфероид) или елипсоид, каде главните оски имаат осна симетрија. Иако поимот во облик на јајце обично имплицира дека на телото му недостасува осна симетрија долж екваторијалната рамнина, може да се однесува на вистински издолжен сфероид.

Надворешни врски

уреди