ОУ „Христијан Тодоровски-Карпош“ - Ранковце
Основно училиште „Христијан Тодоровски-Карпош“ (официјално: Основно општинско училиште „Христијан Тодоровски-Карпош“ - Ранковце; скратено: ООУ „Христијан Тодоровски-Карпош“) — централно основно училиште во селото Ранковце, Општина Ранковце.[1]
Христијан Тодоровски-Карпош
| |
---|---|
Поглед на училиштето
| |
Место | |
Општина: | Општина Ранковце |
Наречено по: | Христијан Тодоровски-Карпош |
Нас. место: | Ранковце |
Адреса: | с. Ранковце |
Местоположба | |
Основни информации | |
Основано: | 1956 |
Број на ученици: | 301 |
Настава на: | македонски |
Контактни информации | |
Мреж. место | oukarpos.wordpress.com/about/ |
Училиштето е именувано по македонскиот комунист и истакнат партизан Христијан Тодоровски-Карпош.
Местоположба
уредиУчилиштето е сместено на главниот пат во селото, во близина на општинската зграда.
Историја
уредиУчилиштето постои од 1956 година. Централниот објект на училиштето бил обновен во 2000 година.
Подрачни училишта
уредиВо рамките на општинското основно училиште „Христијан Тодоровски - Карпош“ се наоѓаат и три подрачни основни училишта од прво до деветто одделение, каде покрај учениците од селата каде што се наоѓаат самите подрачни училишта, се образуваат и други ученици од поблиските села. Овие училишта се:
Организација
уредиВо училиштето работат 42 наставника и осум членови на помошниот персонал во училиштето. Во учебната 2015/2016 година биле запишани 301 ученик, распоредени во 26 паралелки.
Наводи
уреди- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-15.