ОУ „Али Фетхи Окјар“ - Дебреште

основно училиште во Македонија

Основно училиште „Али Фетхи Окјар“ (во минатото: Основно училиште „Вера Циривири - Трена“; официјално: Општинско основно училиште „Али Фетхи Окјар“ - Дебреште; скратено: ООУ „Али Фетхи Окјар“) — централно основно училиште во прилепското село Дебреште, Општина Долнени.[1][2]

Али Фетхи Окјар
Поглед на централното основно училиште
Поглед на централното основно училиште
Поглед на централното основно училиште
Место
Општина: Општина Долнени
Наречено по: Али Фетхи Окјар
Нас. место: Дебреште
Адреса: с. Дебреште
Местоположба

Карта

Основни информации
Директор: Омер Незироски
Број на ученици: 302
Настава на: македонски, албански и турски
Контактни информации
Е-пошта ou-alifethiokjar-debreshte-dolneni@schools.mk
Телефон 048/474-021
Факс 048/474-021

Училиштето е именувано по турскиот политичар и дипломат Али Фетхи Окјар, додека во минатото го носело името на македонската партизанка Вера Циривири - Трена.

Местоположба

уреди

Објектот на училиштето се наоѓа во јужниот дел од селото, во непосредна близина на Горна џамија.

Настава

уреди

Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува на македонски, турски и албански наставен јазик.[2]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-07.
  2. 2,0 2,1 „Образование“. Општина Долнени: Општина Долнени. Посетено на 7 декември 2024.