ОУ „Јашар-бег Скопски“ - Чаир
Основно училиште „Јашар-бег Скопски“[1] (во минатото: Основно училиште „Јане Сандански“; официјално: Основно општинско училиште „Јашар-бег Скопски“ - Чаир; скратено: ООУ „Јашар-бег Скопски“) — централно основно училиште во скопската населба Дуќанџик, Општина Чаир.[2]
Јашар-бег Скопски
| |
---|---|
Место | |
Општина: | Општина Чаир |
Наречено по: | Јашар-бег Кумбараџи |
Нас. место: | Дуќанџик |
Адреса: | ул. „124“, бб |
Местоположба | |
Основни информации | |
Основано: | 1957 |
Настава на: | македонски, турски и албански |
Контактни информации |
Денес, училиштето е именувано по некогашниот градоначалник на Скопје Јашар-бег Кумбараџи, додека во минатото било именувано по македонскиот револуционер, Јане Сандански.
Именување
уредиВо 2012 година, Општина Чаир донела одлука за преименување на четири основни училишта, меѓу кои и училиштето „Јане Сандански“ во „Јашар-бег Скопски“ („Јашар Беј Шкупи“), но Управниот инспекторат се противел на одлуката поради непочитување на Бадентеровото мнозинство при носењето на одлуката во советот на општината.[3] Сепак, во 2021 година, Министерството за образование и наука ги прифатило преименувањата. На 5 мај 2021 година, Уставниот суд не повел постапка за оценување на уставноста и законитоста на донесената одлука од 2012 година.[4]
Историја
уредиУчилиштето „Јане Сандански“ е основано во 1957 година и во него учат околу 600 ученици, на македонски, албански и на турски наставен јазик.
Наводи
уреди- ↑ Во некои документи се сретнува името Јашар Беј, што е албанско именување за бег, како и Шкупи, што е истоветно на Скопје.
- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-21.
- ↑ „Со потпис од Адеми две училишта во Чаир преименувани во албански имиња“. Фактор Портал. Посетено на 2024-12-21.
- ↑ „У.бр.35/2012 – Уставен суд на Република Северна Македонија“. ustavensud.mk. Посетено на 2024-12-21.