ОУ „Страшо Пинџур“ - Карбинци
Основно училиште „Страшо Пинџур“ (официјално: Основно општинско училиште „Страшо Пинџур“ - Карбинци; скратено: ООУ „Страшо Пинџур“) — централно основно училиште во селото Карбинци. Училиштето се наоѓа надвор од самото село, заедно со сите останати административни градби.
Страшо Пинџур | |
---|---|
Поглед на основното училиште
| |
Место | |
Општина: | Општина Карбинци |
Наречено по: | Страшо Пинџур |
Нас. место: | Карбинци |
Адреса: | с. Карбинци |
Местоположба | |
Основни информации | |
Настава на: | македонски |
Контактни информации |
Училиштето е именувано по истакнатиот македонски народен херој Страшо Пинџур.
Местоположба
уредиУчилиштето се наоѓа во непосредна близина на реката Брегалница, покрај селото Карбинци. Сместено е веднаш до самата општинска зграда. [1]
Историја
уредиОд кажувања на мештаните се дознава дека почетоците на училиштето се од турско време. Повеќе пати го менувало своето име, но не се документирани тие промени. По стекнувањето на независноста, училиштето го добило денешното име.[1]
Објект
уредиВо 2010 година училиштето било коплетно реновирано со помош на УСАИД и Министерството за Образование на Македонија. Старата училишна зграда била преадаптирана за кабинетска настава и медиотека.[2]
Настава
уредиВо училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.[1]
Подрачни училишта
уредиВо составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:[1]
- ПУ „Страшо Пинџур“ - Караорман, подрачно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Страшо Пинџур“ - Таринци, подрачно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Страшо Пинџур“ - Долни Балван, подрачно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Страшо Пинџур“ - Крупиште, подрачно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Страшо Пинџур“ - Радање, подрачно училиште на македонски и на турски наставен јазик;
- ПУ „Страшо Пинџур“ - Калаузлија, подрачно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Страшо Пинџур“ - Прналија, подрачно училиште на турски наставен јазик;
- ПУ „Страшо Пинџур“ - Кучица, подрачно училиште на турски наставен јазик; и
- ПУ „Страшо Пинџур“ - Оџалија, подрачно училиште на турски наставен јазик.
Галерија
уреди-
Влезот
-
Фудбалското игралиште
-
Поглед на училиштето
-
Управен објект
-
Старото училиште
-
Влезот во управниот објект
-
Табла со името на училиштето
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „ООУ Страшо Пинџур - Карбинци“. www.mkmap.eu.mk (англиски). Посетено на 2021-02-04.
- ↑ „Реновирано ОУ „Страшо Пинџур" од Карбинци“. Курир. 6 октомври 2010 13:33. Посетено на 2010-11-07. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- ОУ „Страшо Пинџур“ - Карбинци на Ризницата ?