ОУ „Гоце Делчев“ - Неготино
Основно училиште „Гоце Делчев“ (официјално: Основно општинско училиште „Гоце Делчев“ - Неготино; скратено: ООУ „Гоце Делчев“) — централно основно училиште во градот Неготино, Општина Неготино.[1]
Гоце Делчев
| |
---|---|
Влезот на училиштето
| |
Место | |
Општина: | Општина Неготино |
Наречено по: | Гоце Делчев |
Нас. место: | Неготино |
Адреса: | ул. „Маршал Тито“, бр. 117 |
Местоположба | |
Основни информации | |
Основано: | 1972 |
Директор: | Петар Мантев |
Настава на: | македонски |
Контактни информации | |
Мреж. место | gdnegotino.weebly.com |
Училиштето е именувано по македонскиот национален херој Гоце Делчев.
Местоположба
уредиУчилиштето се наоѓа на булеварот „Маршал Тито“ во Неготино.
Историја
уредиОпштинското основно училиште „Гоце Делчев“ од Неготино започнало со работа во 1972 година во месец ноември.
Подрачни училишта
уредиВо рамките на општинското основно училиште „Гоце Делчев“ се наоѓаат и четири подрачни основни училишта од прво до петто одделение (освен тоа во Долни Дисан, кое е со девет одделенија), а чии ученици подоцна наставата ја продолжуваат во средишниот објект на училиштето во градот Неготино. Овие училишта се:
- ПУ „Гоце Делчев“ - Долни Дисан, подрачно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Гоце Делчев“ - Курија, подрачно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Гоце Делчев“ - Тимјаник, подрачно училиште на македонски наставен јазик; и
- ПУ „Гоце Делчев“ - Тремник, подрачно училиште на македонски наставен јазик.
Поради зголемување на бројот на учениците, во учебната 1987/88 година подрачното основно училиштето во селото Војшанци, кое дотогаш било подрачно училиште на ова училиште му било отстапено на ОУ „Страшо Пинџур“ - Неготино.
Организација
уредиВо училиштето учат околу 1000 ученици од градот и приградските места, распоредени во 55 паралелки. На почетокот во училиштето биле вработени 52 наставници, а денес во него работат вкупно 64 наставници од кои 35 во предметна, а 29 во одделенска настава.
Опременост
уредиУчилиштето располага со вкупно 3.580 м2 работна површина, која ја сочинуваат 17 училници, 6 кабинети, 2 занимални, 1 фискултурна сала, 5 канцеларии и 3 простории за друга намена.
Натпревари
уредиУчилиштето постојано учествува на разни училишни, регионални, државни или меѓународни натпревари и постигнува солидни резултати. Традиционално неколку години по ред (2005 - 2007 г.), во училиштето во месец март по повод месецот на франкофонијата се спроведува републичкиот натпревар по француски јазик.[2]
Освоени награди
уредиУчилиштето е добитник на наградата Осми Ноември.
Наводи
уреди- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-14.
- ↑ „Републички натпревар по француски јазик "POETES EN HERBE"“. Архивирано од изворникот на 2010-06-11. Посетено на 2021-08-14.