Атомска централа

(Пренасочено од Нуклеарна централа)

Атомската централа (јадрена централа или нуклеарна централа) користи атомска енергија за произведување на струја.

Градот Припјат бил напуштен во 1986 година. Во позадина се наоѓал Чернобил каде се случила Чернобилската несреќа.

Историја и факти

уреди
 
Обнинската атомска централа, во денешна Русија, во градот Обнинск

Првата атомска централа за производство на енергија е Обнинската атомска централа пуштена на 27 јуни 1954, со јачина од 5 MW.[1]

Првата најголема атомска централа за добивање на електрична енергија за комерцијална употреба е пуштена во Калдер Хол, Англија во 1956 година. Некои воени подморници и бродови имаат атомски централи наместо обични мотори. Атомската енергија произведува 11% од светските енергетски потреби и создава огромни количини енергија од мало количество гориво, без загадувањето карактеристично за горењето на нафта.

Шема

уреди

Јадреното цепење создава топлина → топлината создава пареа → пареата ги врти турбините → турбините ги вртат генераторите → електричната енергија се спроведува до домовите

Опис

уреди

Атомските централи функционираат на сличен начин како станиците за горење на нафта, со таа разлика што верижната реакција која настанува во атомскиот реактор ја создава топлината;

Реакторот користи ураниумски прачки наместо гориво, а топлината се создава со атомска цепење. Неутрони удираат во јадрото на ураниумовите атоми, кои се преполовуваат и ослободуваат енергија во вид на топлина.

Јаглерод диоксид (во вид на гас) се спроведува низ реакторот за да ја одземе топлината, а топлиот гас загрева вода за да се создаде пареа.

Пареата придвижува турбини кои ги движат генераторите

Современите атомски централи ги користат истите турбини и генератори како и на обичните термо централи.

Во Британија, атомските централи се градат близу до брегот и ја користат морската вода за разладување на пареата која кружи. Ова значи дека тие не ги поседуваат огромните разладни кули забележани кај други централи.

Реакторот се контролира со помош на „контролни прачки“, направени од бор, кој апсорбира неутрони. Кога прачките се спуштаат во реакторот, тие апсорбираат повеќе неутрони и процесот на цепење се забавува. За создавање повеќе енергија, прачките се подигнуваат и повеќе неутрони удираат во атомите на ураниумот.

Природниот ураниум е само 0,7 % од ураниумот-235- оној вид на ураниум кој се користи при цепењето во реакторите. Останатиот дел е ураниум-238 кој само е присутен и пречи. Современите реактори користат „збогатено“ ураниумско гориво кое има повеќе ураниум 235. Горивото пристигнува затворено во метални буриња, кои се спуштаат во реакторот додека тој работи, со помош на специјален кран кој е прицврстен за врвот на реакторот.

Јаглен диоксидот во вид на гас се пропушта низ реакторот за да ја одвлече топлината. Одбран е токму јаглен диоксидот бидејќи тој спречува запалување на реакторот (каде се развива температура од 600 С) и истиот не се претвора во нешто опасно кога е бомбардиран со неутрони.

При изградбата на реактор треба да се внимава какви материјали се користат, бидејќи некои од нив можат да се претворат во ужасни нешта во таква средина.

Самиот ураниум не е особено радиоактивен, па штом тој пристигне во централата во вид на прачки, со истиот може да ракува користејќи тенки пластични ракавици. Прачките можат да траат и неколку годон пред да се заменат.

Дури кога истрошените прачки треба да се отстранат од реакторите, потребна е роботизирани раце на полна далечинска контрола и опремата на Хомер Симпсон.

Атомските централи не се активирани атомски бомби, и не се склони кон „топење“. Има доволно ураниум- 238 кој ги забавува процесите- и за правењето бомба е потребна висока концентрација на ураниум-235.

Доколку реакторот се загрее премногу, контролните прачки се спуштаат и реакторот се лади. Доколку ни тоа не функционира, постојат низа итни контролни прачки кои автоматски се спуштаат и го исклучуваат реакторот.

Доколку нешто навистина тргне наопаку, поголем дел од светот ќе биде под влијание- дел од радиоактивната прашина од несреќата во Чернобил падна во Велика Британија. Кај АГР реакторите постојат дополнителни сигурносни системи, како поплавување на реакторот со азот и/или вода која ќе ги апсорбира неутроните- иако оваа опција значи дека реакторот никогаш повеќе нема да проработи.

Мани

уреди
 
Меѓународната скала на јадрени инциденти
  • Иако не се создава многу отпад, тој е многу, многу опасен
  • Мора да се запечати и закопа под земја во времетраење од долга низа години за да престане радиоактивноста
  • Огромни средства треба да се потрошат на сигурносни системи - ако нешто тргне наопаку, атомска несреќа може да биде голема катастрофа.

Атомската енергија од ураниум не е обновлива.

Штом ги ископаме сите резерви на ураниум од земјата, нема да има повеќе ураниум.

Но, не е така едноставно - би можеле да користиме „брзо-размножувачки“ реактори кои ќе го преведуваат ураниумот во друго гориво и во исто време ќе создаваат енергија од нив - но овие реактори се нестабилни и повеќе се користат при производството на атомско оружје отколку на електрична енергија.

Наводи

уреди
  1. „From Obninsk Beyond: Nuclear Power Conference Looks to Future“. Меѓународна агенција за атомска енергија. 23 јуни 2004. Посетено на 25 јануари 2021.