Ноќта на свети Лоренцо (филм)

„Ноќта на свети Лоренцо“ (италијански: La notte di San Lorenzo) - италијански филм од 1981 година, во режија на браќата Паоло Тавијани и Виторио Тавијани, кои се автори и на сценариото. Филмот е заснован на сеќавањата од детството на режисерите и врз раскажувањата на селаните за вистинските настани од Втората светска војна. Главните улоги ги толкуваат: Омеро Антонути (Omero Antonutti), Маргарита Лозано (Margarita Lozano), Масимо Бонети (Massimo Bonetti), Норма Мартели (Norma Martelli), Енрика Марија Модуњо (Enrica Maria Modugno) и Клаудио Бигаљи (Claudio Bigagli).[1]

Синопсис

уреди

На 10 август, во ноќта на св. Лоренцо, паѓаат ѕвезди кои на луѓето им ги исполнуваат желбите. Една жена го заспива своето дете и му раскажува за своето доживување за време на последните денови на Втората светска војна, кога германската војска ја напушта Италија. Тогаш, во селото Сан Мартини, жителите се затвораат во локалниот средновековен дворец, зашто нивните куќи се обележани дека се минирани. Тие се гладни и исплашени, чекајќи ги ослободителите. Тогаш, свештеникот им ја пренесува наредбата дека сите жители мора да се соберат во црквата, зашто Германците ќе им ги уништат куќите. Жителите се поделени во две групи: едните одат во селото, а другите бегаат во текот на ноќта обидувајќи се да стапат во контакт со американската армија. По некое време, тие пристигаат во близината на едно село каде топло ги прифаќаат. Меѓутоа, за време на жетвата, тука доаѓаат фашистите и започнува вооружена пресметка меѓу селаните и фашистите во која има голем број жртви на двете страни. Утредента, селаните дознаваат дека во нивното место поминала американската армија и среќно се враќаат дома.[1]

Наводи

уреди