Нота – графички запис за бележење на тон во музиката.[1] Се црта на петолиние (на сликата е прикажан запис во Це-дур) каде позицијата во однос на системот ја означува нејзината висина (честота), а графичкиот изглед го означува траењето (цела нота, половина, четвртина, осмина или некое друго траење). Нотата може да означуа и нотен запис на некое одредено музичко дело.