Четвртина (музика)

(Пренасочено од Четвртина нота)

Четвртина[1][2] или четвртина нотанотна вредност претставена со црна јајцевидна нотна глава, на која се надоврзува врат. Положбата на нотната глава во петолинието ја означува нејзината висина.

Две четвртини ноти и воздишка.

Времетраењето на четвртината е еднакво на половина од времетраењето на половина нота, четвртина од цела нота, двократно подолго од осмината, четирикратно од шеснаесетината, итн.

Во такт нумериран 4/4, четвртина нота вреди едно отчукување, или четвртина од тактот.

Воздишка уреди

Пауза со исто времетраење како и четвртината е воздишка.

Воздишката понекогаш се претставува во друг облик: облик на полувоздишка, но со куката десно. Се претпочита да не се користи овој древен симбол, за да не се меша со оној на модерната полувоздишка.

Поврзано уреди

Наводи уреди