Нота (лат: Nota = знак) — знак за бележење тонови во линиски систем.

  • Нотата се состои од:
Делови на осмината:
1. Глава
2. Врат
3. Знаменце
  1. тркалезни или овални нотни глави кои во зависност од вредноста на нотата може да се поцрнат.
  2. вертикални линии, т.н. нотен врат кој, во зависност од нотната вредност и нејзиното место во петолинието, се додава на десната или левата страна на нотната глава:
  3. знаменце на нотниот вратот (или повеќе, во зависност од вредноста на нотата).

Нотен врат

уреди
 

За помали нотни вредности (почнувајќи од половина ноти), на нотната глава се додава нотен врат.

  1. на нотата a1 на десната страна на нотната глава - нагоре,
  2. од нотата h1 па нагоре, од левата страна на нотната глава - надолу.

Случаи во кои се отстапува од даденото правило

уреди
 
  • Ако нотите се спојуваат со ребра, тогаш се отстапува од горенаведеното правило. Имено, положбата на нотните црти и ребрата диктира поголем бројот на ноти во горниот или долниот дел од линискиот систем (видете го нотниот пример десно).
  • Во случаите кога на еден линиски систем се наоѓаат два гласа, тогаш нотните црти за горниот глас се свртуваат нагоре, а за долниот глас - надолу, без оглед на положбата на нотите во линискиот систем (видете го нотниот пример подолу).
 

Поврзано

уреди

Наводи

уреди