Нов Бугарски универзитет

Нов Бугарски универзитет познат како НБУ е приватен универзитет чие главно седиште се наоѓа во Софија, Бугарија.

Нов Бугарски универзитет
Нов български университет
Отворање на учебната 2015/16 година
латински: Universitas Novi Bulgarica
Друго име
НБУ
ГеслоNe varietatem timeamus
Видприватен
Основан18 септември 1991 (1991-09-18)
ПрипадностERUA
РекторПламен Доjнов
ДиректорВеселин Методиев
Студенти10.000
Додипломци54 програми
Постдипломци100 програми
35 програми
МестоСофија, Бугарија
Бои     Темно сино
nbu.bg

Иницијатор на идејата за Нов Бугарски универзитет бил професорот Богдан Богданов. Универзитетот е основан на 18 септември 1991 година со одлука на Седмото Големо Народно Собрание. Во 2001 и 2005 година НБУ добил институционална акредитација од Националната агенција за оценување и акредитација. Во 2004 година Универзитетот бил акредитиран и од The ​​Open University во Велика Британија.

Галериjа UniArt - поглед однадвор.

Универзитетот располага со сопствена библиотека и сопствено издаваштво. Во Нов Бугарски универзитет се обучуваат годишно околу 12.000 студенти во 37 дипломски, 69 магистерски и 26 докторски програми.

Образовната филозофија се заснова на либералната идеја за образование. Мисијата на Новиот Бугарски универзитет е:

  • да биде ориентирана кон своите ученици како автономна академска институција за изградба на претприемнички личности одговорни за сопствениот развој.
  • да биде средина за развој на општествено ангажирани личности, подготвени за живот во услови на демократија, граѓанско општество, пазарни односи, европско и светско интегрирање.
  • да биде либерална академска институција, основана на врската помеѓу образованието, истражувањето и претпријатие.
  • да обезбедува дисциплинирано стручно образование, засновано на истражувања со практиката.

Од 2012 година НБУ започнал да издава каталог на најдобри студенти, чија цел е да ги претстави соодветните кандидати со високи академски и креативни успеси пред бизнис секторот во Бугарија и странство.

Мотото на универзитетот е „Ne varietatem timeamus“ - „Да не се плашиме од различноста“.

Надворешни врски

уреди