Новакова пештера
Новакова пештера е пештера која се наоѓа над наоѓалиштето Царева Вода, на територија на општина Пале, град Источно Сараево. Пештерата се наоѓа на стрмните карпи на Романија, на надморска висина од 1515 метри. Под Новакова пештера се наоѓа селото Ќемановиќи, и Царева Вода, кој е познат по истоимените извори, кои се воедно и најпознато врело во широкиот појас на Романија. Во дамнешни времиња на османлиска окупација на просторот на Босна и Херцеговина, покрај Царевите води водел Цариградскиот друм, кој едно време спаѓал меѓу најважните патишта на Османлиското царство во Босна.
Пештерата го добила името по стариот народен јунак Старина Новак. Старина Новак е историска личност од втората половина на 16 век, кој се одметнал во ајдуци поради зулумите на проклета Јерина. Ајдукувал по Србија и Херцеговина, но најдолго се задржал на Романија и како ретко која личност оставил во народот длабок траг. Неговите посмртни остатоци во 1926 година заедно со коските на убиените во 1914 година се пренесени во заедничка гробница покрај црквата Успение на Пресвета Богородица на Пале.[1]
Изглед и истражувања
уредиСпелеоморфолошки гледано, самата пештера се состои од два канала, хоризонтален и вертикален канал или оџак, со кои пештерата е поврзана со Романија со плато. Вкупната должина на сите канали на пештерата изнесува 60 метри. Во горниот дел на влезот во пештерата се наоѓа камен ѕид кој, по народните преданија, потекнува од времето на ајдук Старина Новак.
Во текот на месец ноември 1958 година, се случило првото позначајно истражување на Новаковата пештера, кога планинарите од планинарското друштво „Жељезничар" од Сарајево, го расчистиле патот до самата пештера, ја истражиле нејзината внатрешност т.е. хоризонталниот канал, а по вертикалните канал се искачиле до платото на врвот на карпата. Патот до самата пештера е доста стрмен и тежок, па долго години не се вршени никакви истражувања, сè до 11 ноември 1962 година кога истражувањата поновно се започнати. При овие истражувања одлучено е на преминот од првиот во вториот дел од пештерата да се постави железна врата, што во неколку следни години е и реализирано.
Денас до Новаковата пештера, како една од позначајните туристички места во сараевско-романскиот регион постои уреден и уредно обележан пат. Самото искачување до Новаковата пештера почнува од ловечкиот дом на Мајдан или планинарскиот дом во Стајна кој е во непосредна близина на Пале, и се наоѓа на 4-5 километри оддалеченост од самиот град. Патеката прво води до Новаковото врело, големо планинско корито. Пешачењето низ густата четинарска шума води до Новаковата нива, место погодно за кампување и одмор. Патот до пештерата е засилен со сајли, бидејќи е доста стрмен и тежок.[2]
Галерија
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Новакова пећина“. Туристичка организација Источно Сарајево. Архивирано од изворникот на 8 август 2016. Посетено на 31 јули 2016.
- ↑ „Новакова пећина“. Пале лајв. Посетено на 31 јули 2016.
Надворешни врски
уредиПредлошка:Општина Пале Предлошка:Источно Сарајево Предлошка:Пећине Републике Српске