Нобелово ледено јајце (Фабержеово јајце)

Нобеловото ледено јајце наречено или познато и како Снежно јајце — скапоцено Фабержеово јајце, создадено под надзор на рускиот златар и јувелир Петар Карл Фаберже за шведско–рускиот нафтен индустријалец и барон Емануел Нобел, изработено околу 1913 и 1914 година. За разлика од многуте јајца создадени во работилницата на Фаберже, ова јајце не се вбројува во „царските“ јајца и тоа не го поклонил рускиот цар[1].

Нобелово ледено јајце
Nobel Ice (Fabergé egg).jpg
Година на изработка1914
НарачателЕмануел Нобел
Примателподарок на другар
Моментален сопственик
Индивидуална или институционалнаМузеј на природние науки, Хјустон
Дизајн и материјали
МастерАлма Пил
Употребен материјалплатина, емајл, брилијанти, бисери
Висина7cm
ИзненадувањеЧасовник приврзок

ОписУреди

Навидум, изгледот на јајцето е едноставен, без нагласени украси и детали, со што е постигната своевидна елементарна и убедлива елеганција. Изработено е од платина со уникатни емајлирани детали во кои има избалансирана комбинација на сребрени примеси и бел и проsирен емајл. Ваквата комбинација на различните материјали создава впечаток на замрзнати површини, коишто треперливо ја прекршуваат светлината. Како додаток кон зимската ликовна поетика, на рабовите и отворите постаевени се и бели бисери.

ИзненадувањеУреди

Во внатрешноста на јајцето е поставен часовник–приврзок, сличен на снегулка. Изработен е од платина, горски кристали и дијаманти со висина од 6 сантиметри[2].

ИсторијаУреди

Историјата за изработката на ова јувелирно јајце ја забележал уште во времето на неговата изработка, главниот мајстор во работилницата на Фаберже – Франц Бирбаум. Тој забележал во своите сеќавања дека Емануел Нобел, кој бил опседнат со подарување на скапоцени подароци, лично ја надгледувал изработката на ова јајце, вклучувајќи се и со некои совети и дизајнерски предлози. Ова јајце се смета за една од неговите позначајни порачки.

За време на Октомвриската револуција, јајцето било продадено на парискиот дилер на уметнички предмети А. А. Анара, кој пак, подоцна му го продал на Жак Золотницки од Париз. Потоа било продадено на анонимен северноамерикански колекционер[3].

На аукцијата на „Кристи“, во Женева, во 1994 година, јајцето било продадено за 220 000 долари.

СопственостУреди

Сегашни сопственици на јајцето се Арти и Дороти Мекферин од Хјустон - Соединети Американски Држави. Јајцето е позајмено и се наоѓа во Музејот на природните науки во Хјустон[4].

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди