Нина Аполовна Пономарјова (родена на 27 април 1929 г.) — поранешна руска атлетичарка која се натпреварувала во дисциплината фрлање диск и била прва советка олимписка шампионка.

Нина Пономарјова на ЛОИ 1960
Лични податоци
Роден(а)27 април 1929(1929-04-27)(95 г.)
Свердловск, Русија
Висина&100000000000001730000001,73 м
Тежина84 kg (185 lb)
Спорт
СпортАтлетика
ДисциплиниФрлање диск
КлубSoviet Army
Успеси и титули
Лични рекорди56.62 (1955)

Пономарјова се заинтересирала за атлетиката во 1947 година, кога се запишала на Факултетот за физичка култура при Ставрополскиот педагошки институт. Нејзиниот прв официјален настап се случил во 1948 година, на првенството на Ставрополскиот крај, каде поставила нов регионален рекорд од 30.53 метри. По три години тренинг, таа станала една од водечките советски спортистки. Во 1949 година таа го освоила третото место на првенството на СССР. Тогаш нејзин тренер станал искусниот тренер Дмитриј Марков. Две години подоцна, таа станала советски шампион, а потоа го повторила тој успех во периодот 1952–1956, во 1958 и 1959 година.

Во 1952 година, таа за првпат станала дел од екипата на Советскиот Сојуз која учествувала на Летните олимписки игри 1952 во Хелсники. Во тој момент олимпискиот рекорд поставен на Летните олимписки игри 1936 од Гизела Мауермајер изнесувал 47.63 метри. Таа во квалификациите префрлила 45.05 метри и се пласирала во финалето. Во финалето, таа префрлила 51.42 метри во својот трет обид, со што го подобрила стариот олимписки рекорд за речиси четири метри и станала прва златна медалистка за Советскиот Сојуз.

За помалку од еден месец по Летните олимписки игри, на 9 август 1952 година во Одеса, Пономарјова поставила нов светски рекорд од 53.61 метри. Во 1954 година таа ја освоила европската титула, а на следните олимписки игри, во 1956 во Мелбурн, таа го освоила бронзениот медал. Во 1957 година, таа била одликувана со орденот Црвено знаме. Во 1960 година, Пономарјова повторно станала олимписка шампионка откако на игрите во Рим го освоила златниот медал со префрлени 55.10 метри, кои претставувале нов олимписки рекорд. Набрзо потоа таа ја завршила својата кариера и започнала да работи како тренер во Киев а подоцна и во Москва.

Цитат

уреди

Дури откако осетив тежок златен круг во мојата рака, сфатив што се случи. Јас сум првата советска олимписка шампионка, првиот сопственик на рекорд на 15. Олимпијада...Солзи ги нагризуваа моите очи. Колку бев среќна!... По победата на Летните олимписки игри 1952.

Наводи

уреди


Рекорди
Претходник
  Нина Думбадзе
Светска рекордерка во фрлање диск
9 август 1952 – 18 октомври 1952
Наследник
  Нина Думбадзе