Никополска тврдина
Никополската тврдина е тврдина која се наоѓала во близина на градот Никопол, во Бугарија. Оваа тврдина во минатото имала големо значење за одбраната на градот. Денеска, од неа нема останато скоро ништо, ако се земе предвид фактот што т.н. Шишманова врата е градена во 19 век. Низ историјата, за првпат оваа тврдина се споменува во 11 век. Во 1393 година, тврдината била под опсада од страна на турските Османлии, но не успеале да ја заземат. Сепак, тоа им успеало две години подоцна, во 1395 година.
Никополска тврдина | |
---|---|
Општи податоци | |
Град | Никопол |
Земја | Бугарија |